Македонија
Македонија зафатена од студен бран
Македонија денеска и во наредните денови ќе биде зафатена од студен бран со температури и до минус 13 целзиусови степени
Низ државата Наместа ќе провејува слаб снег, а поради ниските температури ќе има појава на голомразица.Живата во термометрите денеска нема да се искачи над нулата. Според податоците на Управата за хидометеоролошки работи, изутрината во седум часот најстудено било на Попова Шапка и во Маврово – 12 и во Крушево – 11. Во Скопје се измерени – 4 степени.Ниските температури ќе се задржат до крајот на наредната недела, а врвот ќе го достигнат во вторник кога ќе се спуштат до – 13 степени Целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од Центар
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на улицата Партениј Зографски бр 23, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Скопје
Без струја денеска дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– денеска од 10:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на новата зграда БИСИ на улица Козле во општина Карпош;
– во вторник од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Димитар Илиевски Мурато и улицата Тодор Чангов (подулици бр: 49. 51 и 53) во општина Аеродром.
Македонија
Поголем дел од Карпош без струја поради испад на трафостаница
Општина Карпош информира дека поради испад на трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.
„Од ЕВН не информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот“, велат од Општина Карпош.
Се огласија и од ЕВН. Оттаму велат:
„Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината. Се продолжува со работа се до потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници“, ни одговорија од ЕВН.