Контакт

Македонија

Македонија да го реши спорот со името и да добие датум за почеток на преговори до јуни

Објавено пред

Во првата половина од годинава, за време на шпанското претседателство да се реши прашањето за името и Македонија да добие датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. е заклучокот од денешната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Словенија во Љубљана

dobivaj vesti na viber

Како што јави известувачот на МИА, словенечкиот министер Самуел Жбогар уште еднаш потврди дека Словенија ќе се обиде да ја поддржи и да и помогне на Македонија за решавање на прашањето за името, кое како што рече ја попречува на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО, иако Македонија е многу активна, а се ште не е полноправна членка на НАТО и ЕУ. „Тоа е прашање кое треба Македонија и Грција да го решат со помош на Обединетите нации. Улогата на Словенија е преку нашите иницијативи и обиди бидејќи ја разбираме ситуацијата. Со нашите разговори со грчките колеги ќе се обидеме да направиме позитивна атмосфера што ќе придонесе за решавање на ова прашање. Словенија не може да го реши ниту може да преземе таква задача, но може да придонесе кон создавање добра атмосфера за полесно решавање на прашањето за време на шпанското претседавање со ЕУ, рече министерот Жбогар одговарајќи на новинарско прашање како Словенија ќе и помогне на Македонија во решавањето на спорот за името со Грција. Министерот Антонио Милошоски изрази очекување дека за време на шпанското претседателство Република Македонија ќе ги оствари заслужените амбиции и ќе напредува во евроатлантските интеграции. Тој информира дека крајот на февруари или почетокот на првата недела од март посредникот Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина за да ги слушне размислувањата од двете влади и да ги пренесе своите согледувања во однос на билатералниот спор кој Грција го наметна во врска со уставното име на Република Македонија. Според Милошоски потребен е билатерален дијалог кој Македонците и Грците би го воделе заеднички. Расположени сме, потенцира Милошоски да седнеме на заедничка маса со грчките соседи без разлика дали тоа е Лондон, Атина или Скопје и како Македонци, рече тој, да им објасниме што сметаме дека може да биде одреден напредок по ова прилично апсурдно прашање. „Македонија во однос на грчко-македонскиот спор е подготвена да разговара за компромис во кој секоја од двете засегнати страни би чувствувала  дека има свој удел. И Македонија и Грција да имаат чувство дека разговараат за еден компромис во кој секоја страна може да се препознае и да го смета евентуалното решение како заемно прифатливо и компромисно, рече министерот Милошоски на заедничката прес-конференција со неговиот словенечки колега. За жал, додаде тој, досега од Грција наидуваме само на диктирани позиции и желби кои тие сметаат дека треба да бидат наметнати на Република Македонија што пак подвлече, не придонесува за позначителен напредок во однос на билатералните разговори. Во оваа насока Милошоски изрази надеж дека на средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас ќе има можност во Лондон да дискутира по ова прашање. Македонскиот шеф на дипломатијата нагласи дека Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги увери грчките пријатели, како и сите сојузници и партнери во ЕУ дека процесот на проширување на ЕУ и процесот за напредување на Македонија кон Унијата е заемно полезен за сите, а тоа дополнително ќе ја поттикне и стабилноста и развојот и демократијата и во Македонија и во регионот. „Ако ЕУ по усвојувањето на Лисабонскиот договор сака да биде глобален играч ние тоа го цениме, но за да може да има кредибилитет за тоа, би требало да има капацитет и да демонстрира дека пред се може да биде локален играч. Македонија е дел од локалните прашања на Европа. Дел сме од дворот на ЕУ и сметам дека Унијата има добра шанса во однос на Македонија на еден квалификуван кандидат да покаже дека има капацитет и да не придвижи чекор напред, а со тоа да покаже оти и самиот процес на проширување има суштина и кредибилитет, рече Милошоски,  Тој потсети дека минатата година Македонија заслужено ја доби препораката од Европската комисија да отпочне преговори за членство. Според него тоа беше показател дека Македонија го завршила својот дел од задачите поставени од Брисел. Милошоски изрази очекување сега Брисел да го заврши својот дел и да и овозможи на Македонија да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ иако на тој пат се испречува позицијата на Грција со еден прилично апсурден спор. На новинарско прашање како ги оценува сите иницијативи за медијација во македонско-грчкиот спор Милошоски нагласи оти секоја помош е добредојдена и секој интерес го гледаме добронамерно.„По ова прашање реториката и усните најави дека некој сака да и помогне на Македонија да го реши прашањето не е доволна. Многу политичари досега и европски и регионални се нашле на таа листа на реторички помагачи, но никој не се квалификувал и не стигнал до финалето на македонско-грчкиот спор, одговори македонскиот шеф на дипломатијата употребувајќи во оваа прилика една македонска поговорка во која се вели многу бабици килаво дете. Министрите Милошоски и Жбогар ги потврдија веќе традиционално пријателските добри односи меѓу двете држави и потенцираа дека нема отворени прашања, но има многу можности за зајакнување на соработката  на многу полиња особено стопанската соработка и покрај економската криза. Министерот Милошоски изрази благодарност до Словенија за поддршката за добивање на безвизниот режим за граѓаните на Република Македонија. Тој нагласи дека најголемиот капитал во односите покрај високиот интензитет на политички и економски план е заемната доверба и пријателство што постои меѓу двете земји. Во Љубљана шефот на македонската дипломатија ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии на тема „Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО“ во рамки на циклусот насловен како „Западен Балкан и ЕУ“, а за доцна попладне се очекува да биде примен од словенечкиот премиер Борут Пахор.

Македонија

(Видео) Жерновски: Портпаролката на Владата потврди дека Мицкоски управува со судовите

Објавено пред

Од

Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува, а тоа е дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт, изјави Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според него, Марија Митева вчера на телевизиска дебата кажала дека Мицкоски го контролира судството.

„Портпаролката на владата има податоци за мојот процес против МНР, процес којшто сеуште не е завршен. Она имаше податоци за тоа каква е пресудата. Значи јас пресудата не ја дознав од адвокатите, не ја дознав од судот, туку ја дознав од владата на нашата држава којашто ги има податоците не само за предметот, туку каков е и текот на самиот процес. Ова се зборовите. ‘Само немојте како изгубената жалба против претседателката Силјановска’, односно ‘моите информации’, ја цитирам портпаролката, ‘говорат декави е изгубена жалбата’“, рече Жерновски.

Според него, тоа значи дека владата на Мицкоски има информации од судот за самиот процес.

„Ова всушност значи дека процесиците во судството, особено против владата, против органите, против министерствата, пресудите се донесени пред да биде воопшто разен самиот предмет. Ова е еден голем скандал“, рече Жерновски.

Тој кажа дека очекува понатамошна истрага за тоа кој судија или кој од владата ги има овие информации. Даваме нон-стоп примери за тоа што се случува со судството.

Жерновски вели дека сега е исто како во времето на Груевски.

„Исто како во времето на оној на којшто морам да му го споменам името и на којшто режим повторно почна да не потсетуваат овие денови. Тоа е режимот на Груевски. Затоа и авионот нонстоп оди до Будимпешта кај Груевски. Не е битно кој е пилотот. Битно е што контролорот на летање на владиниот авион е Никола Груевски. Така да од сега кога ќе слушнете Груевски како вели она на М веќе не мисли ниту на Мерцедес ниту на Мајбах. Денеска она на М е Мицкоски“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стаменкоска – Трајкоска даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот

Објавено пред

Од

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денес го презентираше отчетот за сработеното во првите 100 дена од нејзиниот мандат. Под слоганот „100 дена, 100 дела“, таа истакна дека општината работи со несмалено темпо, ставајќи го фокусот на резултатите.

dobivaj vesti na viber

„Со реализирани 5 километри нов асфалт, со отворено ново кино и интензивна работа на над 20 крупни капитални проекти, покажавме дека динамиката не запира. Некои од овие зафати се веќе завршени и пуштени во употреба, додека други се во напредна или завршна фаза. Голем дел од овие проекти ги реализираме самостојно, а значаен дел со силната поддршка од Владата. Тоа се заеднички инвестиции со една единствена цел: подобар, побезбеден и пофункционален живот за сите“, рече Стаменкоска – Трајкоска.

Како потврда на оваа динамика, градоначалничката посочи дека развојот се мери со видливи чекори и дека се реконструирани клучни сообраќајници, меѓу кои „Ѓорѓи Димитров“, „527“, а при крај се и зафатите на улиците „Жил Верн“ и „Саса“ со нејзините краци.

Паралелно, додаде таа, се гради фекална канализација во Бабин Дол, а во завршна фаза е изградбата на атмосферска мрежа на ул. „Томе Арсовски“. Во моментот трае изградбата на два паркинга, како и на две од предвидените 10 детски катчиња, едното во село Драчево, другото во Дупки.

Градоначалничката Стаменкоска – Трајкоска посочи дека Кисела Вода воведе нови стандарди во комуналната хигиена.

„За првпат, поставени се 15 специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, а во фаза на изработка се уште 15 за пред училиштата. Првиот тон текстилен отпад е веќе складиран. Во рамки на бројните еколошките акции, исчистени се 27 диви депонии, а преку договорената соработка со ЈП Национални шуми, најавено е засадување на 3.000 нови садници“, рече таа.

Во делот на општествениот живот, како историски успех Стаменкоска – Трајкоска го издвои отворањето на кино во село Драчево, прво кино во село после времето на Југославија.

За најмладите, рече таа, приоритет останува целосното укинување на листите на чекање во градинките.

„На прагот сме да отвориме две нови градинки во „11 Октомври Згради“ и „Подстаница“, а во полн ек е изградбата на објектот во „Расадник““, информираше градоначалничката.

Истовремено, додаде Стаменкоска – Трајкоска со владина поддршка се вршат доградби во училиштата „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“, како и изградба на ново училиште во селото Драчево. Се инвеестира и во спортската инфраструктура преку изградба на сали во училиштата „Круме Кепески“ и „Кузман Јосифовски Питу“, како и во целосната реконструкција на култната сала „Расадник“ преку соработката на Министерството за спорт и општината.

„Покрај изградбата на спортски сали, силен акцент ставивме на едукацијата и инклузијата: наставниците по физичко поминаа специјализирани обуки за работа со деца со попреченост. Дополнително, обезбедивме бесплатни часови по шах за младите, а со оглед на тоа што шахот е воведен како изборен предмет, спроведовме и соодветна стручна обука за наставниот кадар. За прв пат ја воведовме манифестацијата Спортист на годината која планираме да прерасне во традиција“, посочи градоначалниката.

Во делот на социјалната заштита и грижата за најранливите, општината ја прошири мрежата за поддршка со отворање на нов Центар за бесплатни логопедско-дефектолошки третмани во Драчево. Истовремено, во завршна фаза е едукативно-терапевтскиот центар во Црниче, кој ќе биде од клучно значење за децата со дислексија, дисграфија и дискалкулија.

„Ова е само почеток на една амбициозна приказна. Нашата крајна цел е целосна реализација на ветената програма. Ова беа само 100 дена. Ова се само 100 дела од бројните кои следат. Продолжуваме понатаму, заедно. Кисела Вода продолжува да биде општина што работи за вас“, порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во текот на ноќта и утре, врнежи од дожд и снег на планините

Објавено пред

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места , а на планините од снег.

dobivaj vesti na viber

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа ќе биде стабилно со пониска утринска температура.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија1 час

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија3 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија3 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа4 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион5 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет5 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет5 часа

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија6 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет6 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија19 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија19 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија22 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија1 ден

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија1 ден

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија1 ден

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија1 ден

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија1 ден

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија1 ден

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија1 ден

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...