Македонија
Прифатени амандманите на бугарските европарламентарци за добрососедски односи
Македонските власти да ги преземат неопходните мерки „против јазикот на омраза употребуван во македонските медиуми и учебници против соседните земји“
Амандмани со ваква содржина, поднесени од страна на бугарските европратеници Евгени Кирилов и Андреј Ковачев, денеска беа изгласани од Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент и станаа дел од текстот на Извештајот на известувачот Зоран Талер, објави бугарската агенција Фокус.„Европскиот Парламент ги повикува властите на Поранешната Југословенска Република Македонија да ги преземат сите неопходни мерки и да го обесхрабат говорот на омраза кон соседите земји-членки на ЕУ во медиумите и слични искази во учебниците и да го гарантираат правото на лицата чие убедување за етничката припадност е различно од официјално признаените“, се вели во усвоениот амандман.На текстот на извештајот на Талер беа предложени вкупно 82 амандмани. Како најзначаен се смета денеска усвоениот, со кој комитетот повикува Македонија во март да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

