Македонија
Во Скопје фрлени 350 тони сол, автобусите возат по изменети траси
По снежните врнежи кои во текот на изминатото деноноќие го зафатија Скопје, екипите на зимската служба на Град Скопје до 6 часот утринава фрлија 350 тони сол на градските сообраќајници, а автобусите возат
Коловозите на улиците се чисти и проодни, а рано утрово извршени се дополнителни интервенции на „црните“ точки – подвозниците, мостовите, високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора, како и на приодите кон јавните и здравствените институции.Во текот на денешниов ден Кризниот штаб ќе ја следи состојбата на теренот и ќе интервенира според потребите.Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утрово се скратени или воопшто не сообраќаат повеќе автобуски линии, и тоа:
ЛИНИИ КОИ СЕ СКРАТЕНИ, НЕ СООБРАЌААТ ИЛИ ИМААТ ПРОМЕНЕТА ТРАСА Линија број Релација Прва смена24 Кисела Вода (Припор) – Тафталиџе 2 До К. вода-од 6.30 до крај 11 Т.Центар – с.Рашче До с. Свиларе-раскрсница 47а Т.Центар – Љуботен До Љуботенски пат47 Т.Центар – Љубанци До црква Радишани55 Т.Центар – с.Арачиново До мост пред с. Арачиново55А Т.Центар – с.Брнарци До раскрсница55Б Т.Центар – с.Орланци До мост пред с.Арачиново56 Т.Центар – с.Бојане До Расадник56А Т.Центар – с.Копаница До Подвозник58А Т.Центар – с.Добри Дол До Кисела Вода – од 6.45 до Соње58 Т.Центар – с.Бразовец -//-од 6.45 до Соње58Б Т.Центар – с.Св.Петка -//–од 6.45 до Соње60 Т.Центар – Хец.Матка Минибус до крај60 Т.Центар – Г.Матка До војската61 Т.Центар – с.Побожје До каменолом64А Т.Центар – с.Кучково Не сообраќа64Б Т.Центар -с.Никиштани До с. Орман-од 5.55 до крај65 Т.Центар – с.Раштак автобус до с. Црешево а минибус до крај65А Т.Центар -Страчинци До с.Стајковци65Б Т.Центар -Смиљковци До с. Црешево67 Т.Центар – Н.Село До с. Зелениково67 Т.Центар с.Страхојадица До с. Зелениково71 Т.Центар – с.Бањани До с. Мирковци74 Т.Центар Д.Количани Не сообраќа80 Драчево -с.Цветово До Марков манастир81 Т.Центар – Чучер-Блаце Не сообраќа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

