Македонија
Бесими: Законот за заштита од пушење ќе има ефект на долг рок
Законот за заштита од пушењето и покрај негодувањето на угостителите, се почитува и доследно се спроведува, што е добар сигнал за Македонија и напредок во финкционирањето на пазарната економија , изјави денеска во Охрид министерот за економија, Фатмир Бесими
Како што пренесе „Ohridnews“,на средбата туристичките работници на министерот му ги предочиле проблемите со кои се соочуваат по стапувањето во сила на законот за заштита од пушењето и негативните последици по нивното работење.Министерот Бесими потсети дека законот е на Министерството за здравство, а инспекторатите се должни да го следат неговото применување.„Јас се сретнав со сопствениците на угостителските објекти и хотелиерите за да се информирам како оди имплементацијата на законот за заштита од пушењето. Има реакции дека прометот по воведување на законот за заштита од пушење е намален, но тоа не е нешто неочекувано, бидејќи се работи за примена на закон кој директно влијае на навиката кај дел од посетителите на угостителските објекти. Наша проценка е дека тоа е краткорочен ефект и дека на среден и долг рок ќе се стабилизираат работите и ќе има ефект од овој закон’, рече Бесими, посочувајќи дека примарната цел на законот е да се заштити здравјето на граѓаните. Министерот за економија ги слушна предлозите од туристичките работници за измени во имплементацијата на законот, според кои, ќе придонесат да се ублажат негативните последици.„Инсистиравме во разговорот со министерот за економија барем на терасите да биде дозволено пушењето во текот на целата година, како што е тоа пример со Италија која најригорозно го спроведува законот, но дозволува пушење на терасите кои можат да бидат покриени“, истакна Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Според Ерол Сулејманоски од Еснафот на угостителите, законот за заштита од пушењето е дискриминаторски и тешко применлив, затоа што контролата во големите угостителски објекти, кои имаат капацитет преку 1000 гости е речиси невозможна, а предвидените казни се превисоки. Министерот Бесими по средбата со туристичките работници во Охрид ја посети Струга каде присуствуваше на отварање на производствен погон, а се сретна и со градоначалникот Рaмиз Мерко и стопанствениците од струшко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

