Македонија
"Тројка" за работата на Собранието

Околу 43,6 отсто од граѓаните ја оцениле со тројка работата на Парламентот
Ова го покажува телефонската анкета спрoведена над 1109 испитаници во јануари од страна на Институтот за демократија, а нарачана од Собранието.Поголем дел од граѓаните никогаш немале средба со пратеници од нивната изборна единица, а изразено во бројки 53,4 отсто од граѓаните не се запознати со неговата работа, додека 43,2 се запознати . Собранискиот канал го гледаат 37,7 отсто од граѓаните, а 24 отсто од нив никогаш не го гледаат. Третиот канал на МТВ редовно го гледаат само 8,5 отсто од граѓаните.Анкетата покажала дека 73,9 отсто од Македонците се инфоримараат за работата на Собранието преку телевизиите.Дури 84.4 отсто сметаат дека пратениците треба да покажат поголема иницијативност преку изготвување и предложување на закони. Работата на собранискиот спикер Трајко Вељаноски 38, 4 отсто од граѓаните ја оцениле како негативна, а 35, 3 како позитивна. Дури 38, 8 отсто од испитаниците ефикасноста на Собранието при носењето на закони е намалена за 35, 8 отсто сметаат дека е зголемена.Контролата на Собранието врз Владата е оценета како мала и дури 38,8 од македонците ја оцениле како мала, а 9,3 како голема.Во однос на отвореноста 47,8 сметаат дека собранието е затворено за јавноста а 37,6 отсто дека е отворено./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.