Македонија
Стуб: Што поскоро да се реши спорот со името
Поголема вклученост на Европската Унија во процесот за името и негово надминување по април, е очекувањето што во Скопје го изрази шефот на финската дипломатија, Александар Стуб по средбата со македонскиот колега, министерот Антонио Милошоски
„Што се однесува до поголема вклученост на ЕУ, секако ја поддржуваме и, иако во декември не успеавме да одредиме датум за почеток на преговорите, очекувам и се надевам дека тоа ќе се реши во март или април. Мислам дека треба да започнеме сериозни разговори околу проблемот. Доколку сакаме интеграција на Западниот Балкан, овие спорови еднаш засекогаш мораме да ги ставиме настрана“, рече Стуб.Финскиот шеф на дипломатијата повтори дека неговата земја принципиелно ја поддржува Македонија во процесот на пристапување кон Унијата.Од македонска страна, Милошоски најави поддршка на финската апликација за непостојан член на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Во однос на името рече дека од грчка страна очекува реализација на декларативните заложби.Сметаме дека од реторика треба да прејдеме на дела, а она што го слушаме од новата грчка влада е една многу добра реторика што е на европско ниво. Но кога треба да се донесат важните одлуки, за жал им недостигаат кредибилни дела за да може да веруваме дека овој процес има перпектива за напредок и позитивно разрешување“, изјави Милошоски.Шефот на финската дипломатија изрази очекување дека поголемите земји во Унијата, вклучувајќи го и нејзиниот претседател Херман Ван Ромпуј преку директни средби со грчкиот премиер Јоргос Папандреу ќе извршат влијание за надминување на проблемот со името со Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.

