Македонија
Груевски ја доби Софија
Премиерот Никола Груевски стана татко по втор пат. Неговата сопруга Боркица на свет донесе девојче. Според информации на forum.com.mk, родителите второто дете најверојатно ќе го крстат Софија, што на грчки значи мудрост
Втората ќерка на премиерот се роди вчера околу 23 часот во приватната гинеколошко-акушерска клиника Систина. Груевски само еден час претходно беше на партиски трибини во Ѓорче Петров и Куманово.Груевски веќе се родители на двегодишната Анастасија, која се роди во ноември 2007 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Орце Ѓорѓиевски: 24/7 во служба на мојот народ
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на целата ноќ ги расчистуваа улиците од снегот. Во 03 по полноќ, тој на својот фејсбук профил сподели фотографии од акцијата.
Механизацијата во огромен број е распоредена на сите улици на територијата на општината, а се интервенира и во делот на паднатите гранки и дрвја како последица на снежното невреме.
Како што информираат од општината, активно се работи веќе 10 часа, а екипите ќе продолжат во текот на целиот ден и нема да дозволат граѓаните да бидат попречени во извршувањето на своите активности.
-Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и извршувањето на секојдневните активности ќе биде целосно овозможено и непречено! – истакна Ѓорѓиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари
Лешинарската политика на Венко Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„За разлика од минатите години кога снегот беше прилика СДС да краде, сега институциите делуваат. Наспроти голата реторика на СДС и Филипче, еве ги фактите: Битолската подружница има поставено 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Штип, Берово, Кочани и Делчево 300м3 сол и ризла. Згрозени сме од лешинарската политика на СДС и Венко Филипче. Тие од снежната бура прават политика, што само потврдува дека тонат во сопствената безидејност“, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, од СДСМ обвинија за лошо справување со последиците од снежните врнежи.
„Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла. Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла. Но, поради неспособноста на надлежните, сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди. Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС премолчувале за криминалните активности на Груби
СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот – не сме од тука кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не.
Сите се свесни дека станува збор за криминални активности. И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Цела јавност знаеше за постапките на Груби, медиумите јавуваа секојдневно, а алармиравме и ние како партија и тоа долг период.
Оттука од СДС премолчувале за криминалните активности на Груби, или едноставно кажано го дозволиле неговото криминално делување.
Очигледно, за молчењето од страна на СДС имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце.
Сега за почеток СДС треба да се извини на целата јавност, на сите граѓани за премолчување на овој криминал, за кражбата на народните пари.
СДС треба и да се охрабри, да ја признае својата сервилност кон ДУИ. СДС ова треба да го направи и за себе, за да прекине да биде партија на уценети политичари на кои единствено им се важни само личните и партиските интереси.
Едноставно е, јавноста треба да знае, а СДС треба да го направи првиот чекор да признае и да се извини на граѓаните“, истакна Петрушевски.