Македонија
Вељановски даде отчет за работата на Собранието во 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски денеска го презентираше извештајот за работата на законодавниот дом за иминатата 2009 година.
Во 2009 година Собранието одржало вкупно 47 седници, од кои 30 работни, 17 посебни и десет седници за пратенички прашања. Пратениците расправале по 457 точки(од кои 1 уставна измена) и донело вкупно 191 закон, од кои 39 се ратификации, а 57 закони со европски знак.Работата на Собранието искажана во работни денови изгледа вака: 113 работни дена со работа на пленарна седница, 108 со работа на седници на комисиите или вкупно 221 работни дена со законодавна активност на пратениците.Работата на комисиите во 2009 година ја отсликаа следните бројки: вкупно 349 одрржани седници, со разгледани 932 точки.Во врска со аманманите кои беа предлагани во Собранието, Вељановски рече дека е задоволен од ангажираноста на пратениците и дека 1895-те поднесени амандмани, од кои 55 се усвоени, а 1052 не се усвоени, според него покажуваат дека овој пратенички состав е многу активен.Пратениците имаат остварено 78 меѓународни средби, од кои 27 се билатерални средби и 51 мултилатерални.Вељановски истакна особено задоволство од работата на е-Парламентот и подвлече дека бил високо оценет на Меѓународната е-Парламент конференција во Вашингтон, а истиот бил позитивно оценет и во Извештајот на Европската комисија за напредок на Република Македонија.„Овој систем всушност подразбира целосно електронско следење на еден материјал во текот на законодавната постапка, поточно електронски внес на материјалот од неговото поднесување, преку автоматско сметање на сите деловнички рокови во постапкаат, електронското поднесување на амандмани, па се до самото објавување на донесениот акт во Службен весник“, појасни Вељановски.Според Вељановски друга позитивна работа е веб страната на Собраниетопреку која граѓаните можат да се информираат за работата на законодавниот дом.Тој рече дека во тек е новиот проект преку кој на веб страната ќе се вметнат дневните редови за сите седници од сите парламентарни состави од осамостојувањето до денес.Додаде дека истите ќе бидат пропратени со стенограмски белешки, а во втората фаза и со видео снимка од седницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.