Македонија
Дебата за македонски јазик во прво одделение
Спротивставени размислувања на правниците кои дебатираа на тема “Учењето на македонскиот јазик во прво одделение, уставно или не” на Државниот универзитет во Тетово
Професорката од Правниот факултет во Скопје Тања Каракамишева смета дека станува збор за законско решение.”Ова решение е донесено во согласност со измените во Законот и програмата на Бирото за образование, а се што со устав и закон не е забрането, е дозволено” , потенцираше Каракамишева. Со сличен став и професорот Јове Кекеновски. Тој смета дека двата часа македонски јазик неделно не е дополнително оптоварување на учениците што покажува и праксата од други земји. “Помалку политика, да не го вулгаризираме правото и да побараме автентичНо толкување од Законодавецот. Јас би бил задоволен кога државата би ми овозможила да го изучувам јазикот на другите народи кои живеат во Македонија,” рече Кекеновски.Професорот од ДУТ Агим Нухиу смета дека ова решение е подзаконски акт и со него не може да се изврши промена во законската регулатива. Професорот од ФОН, Осман Кадриу рече дека треба да се направи анализа од формално – правен и политички аспект но “и од педагошки и психолошки аспект дали децата од прво одделение можат да изучуваат уште еден јазик покрај мајчиниот и странскиот кои ги изучуваат од прво одделение.”Министерот за образование и наука Никола Тодоров присуствуваше на денешната дебата која ја оцени како најтешка организирана на оваа тема. “Сакав да ги слушнам експертите. Поентата на дебатата беше надвор од политиката да се дебатира врз научна основа. Слушнав различни мислења и истите ќе ги искористам во понатамошното одлучување” изјави Тодоров.Со решение на министерот, првачињата од немакедонските заедници требаше да започнат со изучување на македонскиот јазик од почетокот на второто полугодие. Засега, родителите на децата Албанци и училиштата со настава на албански јазик не ја почитуваат оваа одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

