Македонија
Ефектно извршување на судските одлуки
Министерот за правда Михајло Маневски денеска имаше обраќање на Конференцијата за иднината на Европскиот суд за човекови права, која во рамките на Швајцарското претседавање со Советот на Европа, се одржува во Интерлакен, Швајцарија
На почетокот на своето обраќање, министерот Михајло Маневски во името на македонската Владата на Република Македонија ги поздрави напорите за реформа на Европскиот суд, во насока на негова поголема ефикасност во заштита на човековите права.
Тој додал дека подобрувањето на филтер-механизмите, механизмите за справување со повторувачките предмети, ригорозна имплементација на критериумот за прием, организациската поставеност на механизмите на Судот, подобро споделување на судската практика, се само некои од мерките кои треба да се развијат и имплементираат во блиска иднина.
„Принципот на супсидијарност останува како камен темелник на системот“, нагласил Маневски.
„Целосното и ефективно извршување на судските пресуди е од врвна важност, како и мерките преземени на национално ниво, кои треба да обезбедат ефективни домашни правни лекови. Обврска е државите да одлучат да ги зајакнат националните правни системи и да ги усогласат со Конвенцијата и правната практика на Судот“, смета македонскиот министер за правда.
Меѓутоа, според Маневски, имплементацијата на реформите на Европскиот суд не смее да го стави во прашање, во која и да е смисла, правото на индивидуален поднесок и не смее да придонесе во какво и да е ограничување или опструкција на слободното остварување на ова значајно право.
Министерот Маневски се осврнал и на претстојното Претседателство на Република Македонија со Комитетот на министри кое започнува од мај 2010 г. истакнувајќи дека реформата на Европскиот суд несомнено ќе биде и на агендата на македонската влада.
На конференцијата во насока на подобрување на ефикасноста на Европскиот суд за човекови права ќе биде усвоена Декларација која повикува на конкретни мерки кои би требало да бидат преземени на неколку нивоа: национално, на ниво на Комитетот на министри и од страна на Европскиот суд, со цел да се постигнат посакуваните реформски активности дури и за поуспешно функционирање од Судот.
Декларацијата воедно ќе служи како силен израз на заедничката политичка волја и посветеност на државите-членки, овој основен механизам на Организацијата да функционира подобро.
На маргините на конференцијата, Министерот за правда на Република Македонија се сретнал со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Жан Пол Коста и со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевлуд Чавушоглу, како и со повеќе свои колеги од државите на Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи. Тој кажа дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи.
„Не прекин, не црна листа, туку пауза, ќе напоменам за постапки за иселенички визи“, рече Муцунски.
Министерот појасни дека не е загрозено издавањето туристички визи, студентски визи како и визи во рамки на програмата „Ворк енд травел“.
„Ова не влијае на сите други постапки за издавање на визи за САД. Доколку сте стопанственик, слободно ќе можете да аплицирате за виза, доколку сте студент кој што сака да студира во САД или да оди на ‘Ворк енд травел’ ова значи дека нема никаква пречка за вас. Доколку сакате туристички да патувате, Светското првенство во фудбал ќе се одржи во САД, исто така, ќе може да патувате туристички“, рече Муцунски.
Тој порача дека јавноста во следните шест месеци дополнително позитивно ќе се изненади од тоа што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава, односно, како што рече, да почнеме да затвораме прашања кои што 20 години се обидуваме да ги затвориме.
Македонија
Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.
Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307.
Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.
Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа на интернет, со цел заштита на граѓаните и безбедност во дигиталниот простор.
Македонија
Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
„Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски.
Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на општината.
Покрај директната финансиска поддршка, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца на годишно ниво, што претставува основа за следење на демографските движења во општината. Овие податоци се користат и за поефикасно планирање на капацитетите во детските градинки во Центар.
Дополнително, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.
Во рамки на социјалните мерки, Општина Центар ја зголеми и еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања, од 2.500 на 5.000 денари.
Истовремено, во тек се подготовки за изградба на дом за стари лица на територијата на Општина Центар.
Фото: Depositphotos

