Македонија
Нови 4.300 станови за војниците на АРМ
Вкупно 4.300 станови со големина од 35, 55 или 70 квадратни метри, по исклучително ниска цена, ќе бидат изградении во седум градови во Македонија, најави министерот за одбрана Горан Коњановски
Припадниците на АРМ ќе имаат можност да купат станови под исклучително ниска цена. За оваа цел ќе се градат вкупно 4.300 станови во седум градови во Македонија.Ова е предвидено во рамките на проектот „АРМ мој вистински дом“ и за таа цел е спроведена анкета меѓу припадниците на АРМ за нивната заинтересираност околу овој проект.„Овие станови очекуваме да бидат со исклучително ниска цена со можност за плаќање во наредните десет години и со само 30 отсто учество без обврска за камата, бидејќи каматата ќе биде субвенционирана од страна на Министерството за одбрана“ изјави Министерот за одбрана, Зоран Коњановски.Во првата фаза од проектот е одредена локацијата на која ќе се градат становите и бројот на становите кои ќе се градат.Повеќето од становите, кои се предвидени да се градат во Скопје, Тетово, Кичево, Куманово, Штип, Велес и Прилеп ќе се градат на местото на поранешните касарни, ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии и ќе бидат со пониска цена од комерцијалните.Изградбата на становите ќе започне по донесувањето на Законот за служба во АРМ и или во октомври или ноември.Припадниците на АРМ ќе можат да изберат дали ќе купат стан од 35, 55 или 70 квадратни метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

