Македонија
Дождот не запира, нивото на Охридското Езеро расте

До седум часот утрово во Охрид наврнале повеќе од 13 литри на метар квадратен, а обилните врнежи од дожд и натаму продолжуваат
И покрај најавите дека транспарентно ќе ги објавуваат информациите за состојбата со водостојот на Охридското Езеро, надлежните служби, се’ уште не информираат колкаво е нивото на езерото денеска.Во текот на вчерашниот ден излегоа со различни податоци за нивото на езерото, што создава забуна кај јавноста и страв дека можеби се крие каква е реалната состојба. Денеска нивото на езерото е еден центиметар повисоко.Последните официјални информации, добиени вчера, според едни беа дека нивото на водостојот на Охридското Езеро е на 693,91 метри надморска височина, а според други 693,90, што е за 16, односно 15 сантиметри повисоко од горната утврдена граница. Од истекот на Дрим во Струга се испушта поголемо количество вода, но експертите предупредуваат дека тоа нема да ја подобри состојбата затоа што големо е количеството на вода што влегува во Езерото.„Постои оправдан страв водата да се излее во пониските делови на крајбрежјето, особено во деловите кои се под природната граница, но опасност по градските населени места и главната инфраструктура, засега нема“, вели проф. д-р Здравко Крстаноски од Хидробиолошкиот институт.Тој додава актуелната временска ситуација може да предизвика натамошно покачување на нивото на Охридското Езеро, но дека состојбата се’ уште не е критична.Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен во струшко Калишта, Радожда и Луково, како и во Пештани – охридско, каде се поставуваат насипи за да се спречи излевање на езерот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.