Македонија
Нов одрон на патот Ресен-Битола
Поради ново одронување на земјиштето затворен е патот меѓу Ресен и Битола преку планинскиот превој Ѓавато
Според екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ кои денеска интервенираа на терен, причина за лизгање на земјиштето најверојатно се подземните води, како и непочитување на режимот на сообраќај поради што не успеа да се санира старото свлечиште. „Големо е одронувањето и треба да се изведат градежни работи на М5, не знаеме зошто, затоа што има подземни води, а минуваа и товарни возила“, вели Димче Бајовски, од ЈП„македонија пат“.Возилата се пренасочуваат на стариот пат, кој е долг околу 5,5 километри, а широк шест метри. Од „Македонија пат“ велат дека иако овој пат се обновува, сообраќајот се одвива нормално, во двата правци, и тоа како за патнички, така и за товарни возила.Се крпат ударните дупки, се чисти од гранки и лисја, и сообраќајот се одвива нормално – додава Бајовски.Возачите велат дека стариот пат е во лоша состојба, но дека нема застој на сообраќајот.„На едно место е стеснат и ризичен за возење. На кривината паѓа тоа место. Сега е суво, да заврне ќе биде проблем“, вели возач.Пред речиси две седмици на магистралниот пат Битола – Ресен се излизга земјиште долго околу 40 метра. Оттогаш сообраќајот се одвивала по едната коловозна лента, а истовремено се работи на реконструкција на стариот пат Битола – Ресен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

