Македонија
Владата гради социјални станови во 19 градови
Владата ќе гради социјални станови со заем од Банката за развој во 19 градови низ земјава. Според Договорот треба да бидат изградени 37 згради со 1.708 станови
Становите треба да бидат готови до 2013 година, а за нивното рализирање ќе се потрошат 50.700.000 евра, од кои половина ги обезбеди Владата од Буџетот, а половина се заем од Банката за равој.
„Денеска беше потпишан Рамковен договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи во износ од 25.350.000 евра меѓу м-р Зоран Ставрески, заменик-претседател на Влада и министер за финансии и Рафаел Аломар, гувернер на Банката за развој при Советот на Еврoпa (ЦЕБ)“, соопштија од кабинетот на Ставрески.
Распределувањето на овие станови ќе биде извршено од посебно воспоставена Комисија, а право на нив ќе имаат: децата без родители со навршени 18 години; невработени лица и лица корисници на социјална помош; жители на региони погодени од природни катастрофи; инвалидизирани лица или домаќинства кои имаат инвалидизирано лице; социјално загрозени лица припадници на ромската популација и самохрани родители со малолетни деца.
Координатор на проектот ќе биде Министерството за транспорт и врски, а имплементацијата ќе ја врши Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.
Проектот започна со имплементација во 2007 година, а се очекува истиот да заврши до јуни 2013 година.
Заемот од Банката за развој е доделен под следните услови: Рокот за отплата ќе се утврдува за секоја транша одделно, при што рокот на отплата може да биде до 20 години, вклучувајќи грејс период до 5 години. Заемот ќе се повлекува во неколку транши. Износот на секоја транша ќе се одредува во завист од напредокот во изградбата на социјалните станови. Владата ќе мора писмено да потврди искористеност на минимум 90 отсто од едната транша за да може да ја повлече другата. Каматната стапка и валутата ќе се одредуваат за секоја транша од заемот одделно на денот на повлекување на истата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

