Македонија
Стапија на сила измените на Кривичниот законик

Зголемените казни за полов напад врз малолетник до 14 години, за кривични дела против избори, за поткуп, перење пари, прикривање имот и друго, стапуваат на сила денеска, по донесување на измените во септмври 2009 година
Денеска, почнува примената на одредбите од Законот за измена и дополнување на Кривичниот законик со што се зајакнува и подобрува казнено-правната рамка што е една од главните претпоставки за ефикасност во работата на институциите надлежни за заштита на слободите и правата во една демократска држава.Со измените се изврши усогласување на казнено – правниот систем на Македонија со европските стандарди што е клучен услов за евро-интеграционите процеси во нашата земја.Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се интервенираше во одредбите за одговорност на правните лица и меѓу другото, се воведоа нови споредни казни за правните лица.Водењето на казнената евиденција за правните лица е во надлежност на Централниот регистар, а за таа цел, Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар беше изменет и воведено е ново софтверско решение кое заедно со компјутерскиот систем АКМИС на судовите ќе овозможат секојдневна достава на пресудите и водење на ажурирана евиденција за изречените казни на правните лица.Задолжително е изрекување на казна во траење од една до десет години на забраната за вршење професија, дејност или должност, заедно со казната затвор кај: кривичните дела против изборите и гласањето, полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години и обљуба со злоупотреба на положбата, примање поткуп, давање поткуп и противзаконито посредување; конфискација за тешки кривични дела; кај делата „Клевета“ и „Навреда“ се прецизираат тешките последици за оштетениот.Воедно, утврдена е можност да не се казни за клевета тој што известува за нешто што е јавно соопштено од друг, како и тој на кого му е оневозможено остварувањето на правото на пристап до информации од јавен карактер спротивно на прописите за слободен пристап до информации.Се зајакнува борбата против корупција на начин што се интервенира во повеќе кривични дела, меѓу кои перење пари и други приноси од казниво дело, противправно стекнување и прикривање имот, каде се овозможува и конфискација на имот.Воведени се нови кривични дела и тоа: „Намамување на обљуба или друго полово дејствие на лице под 14 години“, „Незаконита експлоатација на минерални суровини“,„Изработка и употреба на лажна платежна картичка“,„Повреда на правата од хартии од вредност“,„Незаконито постапување на овластен ревизор“, „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно – приватно партнерство“. Особено внимание е обрнато на „Измама на штета на средства на Европските заедници“ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал пат на компјутерски систем“Зголемена е казната и проширен е кругот на одговорни лица кај бројни кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – најнов пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.