Македонија
Бендевска: Собранието остана без паркинг
„Кој од највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ и дозволи на урбаната мафија да запоседне со просторот околу Собранието на Република Македонија?“
Ова прашање на денешната собраниска седница за пратенички прашања беше упатено од Весна Бендевска од СДСМ до јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Шврговски.
Таа образложи дека Министерството за транспорт и врски на 19 ноември 2009 година на аукција го доделило просторот за паркирање на Собранието на Македонија на приватна фирма Макоил за стопанисување во следните 20 години по цена од 680 денари за еден квадратен метар.
Се разбира најголем одговор ќе треба да даде претседателот на Собранието Трајко Вељановски дали во периодот од кога е Претседател на Собранието дал согласност за измена на сопственоста на парцелите кои го дефинираат просторот околу Собранието и собраниската зграда“, потенцираше Бендевска.
Таа побара од Вељановски да одговори и дали соодветно реагирал откако Република Македонија го отуѓила овој простор кој како што рече е неопходен за да може околу 700 души кои дневно гравитираат во собраниската зграда да имаат обезбедено и соодветно паркинг место.
„Сега Макоил за да може да стопанисува следните 20 години ќе треба да издвојува само 26 илјади и 800 евра, а Собранието останува без сопствен простор за паркирање“, истакна Бендевска.
Бендевска посочи дека за аукцијата Министерството за транспорт и врски го известило Собранието со писмо на 29 јануари 2010 година.
„Кога се случи промена на сопственоста на објектот и на дворното место? За тоа некој мора да сноси одговорност. Одговорност мора да сноси министерот за транспорт и врски затоа што сеуште не доставил сообраќајно решение потпишано од надлежна институција со соодветна законска ревизија“, укажа Бендевска.
Таа побара одговорност и одговор и од министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за мислење дали се задоволени безбедносните стандарди за влезот на подземниот паркинг.
Јавниот обвинител Шврговски рече дека одговорите на прашањата ќе бидат доставени во писмена форма.
Законскиот рок за добивање одговори во писмена форма е 20 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

