Македонија
Свечено отворен Саемот за мебел
Традиционалниот саем за мебел денеска беше свечено отворен од страна на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а присутни беа и претседателот на ERA City Гвидо Омладиќ и амбасадорот на Република Труција во Македонија, Арслан Хакан Окчал
Саемот за мебел оваа година се одржува по 36ти пат, а ќе трае до 28 март. „Оваа изложбено продажна саемска манифестација со својата презентација на најновите производи дизајнирани од врвни дизајнери на мебел стана место за средба меѓу призводителите и трговците во нашата земја, Балканскиот регион и пошироко“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во неговот излагање на манифестацијата.Како верен партнер на Македонија за реализирање на саемот за мебел во пресрет излегува Република Турција, а на амбасадорот Арслан Хакан Окчал му беше врачено признание од страна на градоначалникот Трајановски.На манифестацијата беа доделени и две први награди во две категории, во првата категорија наречена „Професионални проектанти дизајнери“ и втората „Трудовите на студенти“.Наградата во првата категорија во вредност од 30 илјади денари ја понесоа Константин Џукески и Јелена Путник за дизајн на маса „Твист“, првата награда во втората категорија во вредност од 18 илјади денари ја доби студентот Филип Конески за дизајн на столица „Коцка“, тие беа избрани од стручна комисија од професори на факултетот по архитектура и шумарскиот факултет. На годичешниов саем за мебел пред посетителите ќе се претстават 150 директни изложувачи од кои 145 домашни и 5 странски изложувачи и над 600 индиректни изложувачи. Посетителите ќе може да видат мебел за дом и ентериер, мебел за канцеларии, мебел за градини и настрешници, мебел за кујни и бањи, мебел од бамбус и ратан, оков и галантерија за медел, декоративни тапети за внатрешни ѕидови од најпознатите светски производители, постелнина од познати светски производители и машини и алати за индустрија на мебел. Сето ова ќе биде изложено на 15 илјади квадратни метри во 5 саемси хали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

