Македонија
Во Македонија 470 лица заболени од туберколоза
Во Македонија заболени лица од туберколоза има 473 лица кои се регистрирани во 2009, а во 2008 година процентот на заболени бил поголем за 2 отсто односно изнесувале 483 лица
„Лекувањето е бесплатно и снабдени сме доволно со лекови кои се финансирани од Глобалниот Фонд“, рече директорката на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза, Билјана Илиевска – Поповска. Таа истакна дека како најзагрозени се затворениците или луѓето кои се наоѓаат во колективни заедници и додаде дека во Македонија моментално има 5 затвореници кои се заболени од туберколоза.По повод денешниот ден кој се одбележува како „Светски ден за борба против туберколозата“, ќе се спроведе и кампања од страна на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза, а со поддршка на Министерството за здравство и Глобалниот Фонд за против ХИВ/СИДА.Кампањата ќе се одвива под мотото „Туберколозата не бира по име и славните биле нејзини жртви“. Целта на овој проект е намалување на предрасудите на јавноста во врска со туберколозата.„СЗО се залага за намалување на стапката на заболени од оваа болест до 2025 година. Сметавме дека оваа болест исчезнала но, за жал најновите податоци на СЗО и Центарот за контрола и превентива на ОН говорат дека во европскиот регион каде што спаѓа и Македонија нема покажано резултати на подобрување.“, рече Марија Кишман, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје и додаде дека во светот секоја секунда заболува по едно лице од оваа болест.Податоците на СЗО велат дека во Европа моментално има 470 илјади заболени од туберколоза, а стапката на смртност достигнува од 5 до 10 лица годишно. Во светски рамки држави кои имаат најголем број на заболени се Кина, Виетнам и Филипини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

