Македонија
22 нови пациенти примени во ковид-центрите во Скопје
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Како што додаваат од таму, вкупно 448 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие на интерните клиники имало 9 приеми, и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за неврологија. Во ковид-центарот во ‘8 Септември’ имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни“, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Од вкупно 448 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19, кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел е на кислородна поддршка.
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово, до 8 часот, имало 70 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места на Клиниката за инфективни болести и во „8 Септември“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

