Македонија
АДП го демантира пратеникот Чингоски
По изјавата на пратеникот од СДСМ Томе Чингоски, која се однесува на работењето на Агенцијата за државни патишта (АСДП), со писмен демант се јави директорката Валкановска во кој вели дека наводите на пратеникот целонсо не одговараат на вистината
„Имено Извештајот од Градежен Факултет-Скопје потврдува дека од целосно пасивна институција во периодот до 2006 г. во овој тригодишен период Агенцијата за државни патишта има трикратно зголемен обем на отпочнати и реализирани проекти, а институцијата работи со ефикасност и интензитет кој никогаш досега не бил забележан. Потенцираме дека во тек е реализација на 40 договори за проектирање на регионални, магистрални и автопатишта, во тек е градба на 18 регионални и магистрални патишта, изградба на автопат од Табановце до Куманово кој е во завршна фаза а во изминатиов период целосно завршени се шест поголеми проекти.“, наведува во својот демант Валкановска. Таа потенцира дека од страна на Агенцијата за државни патишта интензивно се работи на подготовка за градба на Коридорите 8 и 10, кои, како што вели, за жал од претходните гарнитури не биле воопшто третирани како приоритетни државни проекти, иако истите се најавувани на сите парламентарни избори. „Спротивно на ова Агенцијата за државни патишта во овој мандат веќе го подготви проектот за изградба на последната делница Демир Капија-Смоквица на Коридорот 10. Изработката на проектите за изградба на Коридорот 8 беше целосно стопиран уште од 2004 г. Договорите за проектирање беа повторно обновени во 2007 г. и досега 99 отсот од вкупната проектна документација е комплетирана. Обиколницата на Скопје во должина од 26,7 км, чија градба беше стопирана,а е дел од Коридор 8, беше изградена и пуштена во употреба во 2009 г.“, се нагласува во дописот со кој Валакноска го демантира кажаното од пратеникот на опозицискиот СДСМ Томе Чингоски на денешната прес-конференција. Валакновска додава дека стручната јавност во земјата знае дека станува збор за капитални проекти за кои е потребен среднорочен период за реализација и според тоа Агенцијата за државни патишта работи, како што оценува – со одлична динамика на реализација на проектите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

