Македонија
Посвојување деца по електронски пат
Идните родители кои ќе сакаат да посвoјат дете од домовите за деца без родители, ќе имаат можност тоа да го направат и по електронски пат
Оваа новина е дел од Предлог измените на Законот за семејство, кој треба да се усвои во собраниска процедура.„Кога ќе има дете за посвојување ќе се избираат пет потенцијални посвоители од регистарот за посвоители. Карактеристиките на петте брачни парови под шифра ќе се доставуваат до Комисијата која што ќе донесе одлука за изборот на посвоители“, се вели во предлог законот.За да се избегнат можностите за злоупотреби, планирани се измени и во составот на Комисијата која ќе брои 15 членови со двогодишен мандат, наместо досегашните пет члена, кои имаат мандат од пет години.Во измените на законот се предвидува и одземање на родителското право на лица, кои што оставиле деца во домови за деца без родители, но не се откажуваат од родителското право, поради што децата не може да се дадат на посвојување. Веќе е извршена обука на лицата коишто ќе ги спроведуваат предвидените новини, а изготвен е и специјален компјутерски софтвер. Во Македонија годишно се посвојуваат од 60 до 80 деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

