Македонија
Се очекуваат драстични промени на пописот на населението вo Битола
Редовниот попис на населението и домаќинствата ќе се одвива на државно ниво идната година, а уште отсега се прават подготовките, а статистичарите сметаат дека резултатите ќе бидат многу поразлични од оние пред десет години
од Цветанка Ристевска, Битола
Од први до 15-ти април идната година Заводот за статистика ќе врши попис на населението, становите и домаќинствата. Методологијата на попишување е иста како онаа во 2002 г., а за нејзина успешна примена ќе бидат вклучени анкетари, општински и државни инструктори:,,Заводот за статистика веќе работи на подготовките околу изработка и на обрасците и на доработка на методологијата и на подготовка на кадарот којшто ќе биде целосно вклучен и покрај што во Заводот за статистика има стручни луѓе кои со години веќе работат на попис, вели Лилјана Кузмановска, раководител Заводот за статистика во Битола.Првичните резултати ќе бидат објавени во рок од 60 дена, а конечните во 2012 г. Заводот за статистика дополнително ќе ангажира и надворешни лица.,,Пописот како акција е од најголем обем во работењето на статистиката и секогаш при обавување на такви акции имаме ангажирање на попишувачи, тоа се лица кои работат во заводот само за таа акција и инструктори кои ќе ја прават првичната контрола на добиените обрасци, вели Кузмановска.Податоците од пописот во 2002 г. пред новата територијална поделба покажаа дека тогашната општина Битола живееле 86 408 жители, од кои Македонци биле 77.470, а по нив доаѓаат Ромите кои ги имало 2.594, Албанците со 2.522, 1.183 Власи, 515 Срби, 20 Бошњаци и 524 припадници на други националности. Промените во овој десет годишен период ќе донесат нови бројки, кои треба да ја прецизираат и состојбата со природниот прираст во нашиот град.,,Знаете дека и на ниво на државата имаме негативен природен прираст во многу општини затоа се и многу од политиките кои што се преземаат околу зголемување на природниот прираст на населението. Самиот попис ќе покаже како се движи природниот прираст на населението“, вели Кузмановска.Од први до петнаесетти мај оваа година, пак, Заводот за статистика започнува со спроведување на анкета за приходите и условите на живеење на населението.,,Тоа е анкета што ќе оди во интервали и ќе се работи во шест интервали што ќе покаже каков е животниот стандард на населението“, вели Кузмановска. Претстојниот попис. според проценките на Државниот завод за статистика, ќе чини околу 14 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев
Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но, за нас тие не се изненадување. Подолг период укажуваме дека ова криминално дуо Заев-Филипче, мора да одговара за своите постапки. Речиси секојдневно излегуваат нови сведоштва, признанија и сериозни сомнежи за начинот на кој функционирале додека ја воделе државата. Покрај златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија, Филипче и Заев во време на КОВИД пандемијата, ја зграпчиле можноста да му ја преземат болницата Жан Митрев, од истоимениот сопственик“, вели Петрушевски.
Начинот на кој Заев и Филипче биле спремни да ја земат болницата, во ек на пандемија и вонредна состојба во државата, додава тој, е вистински мафијашки модел на дејствување.
„Според изјавите на др. Жан Митрев, Заев и Филипче рекле дека тие ќе ја одредат вредноста за откуп на уделите во болницата, а за возврат ќе му помогнат во судскиот процес. Дали ова е моделот по кој Филипче сака да ја води Македонија доколку повторно дојде на власт? Дали по сите сомнежи и афери што се врзуваат за неговото име, тој мисли дека се уште има кредибилитет да биде дел од политичката сцена?“, прашува Петрушевски.
Тој вели дека наместо да поднесе оставка и да ја препушти СДС на чесни и млади луѓе, Филипче ја држи фотелјата на Заев и продолжува да работи по негови насоки.
Македонија
Градоначалникот Сашко Митовски се фрли по светиот крст во водите на Крива Река
Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците.
По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака на вера, заедништво и почит кон православните обичаи.

„Чинот претставува симбол на духовна чистота, обновување и нераскинлива врска меѓу традицијата, локалната самоуправа и народот. Во студените води на Крива Река, градоначалникот Митовски уште еднаш покажа дека вистинските вредности се чуваат и потврдуваат со дела“, соопштија од Општината.
По фрлањето на светиот крст, Општина Крива Паланка организираше заедничка празнична прослава. За присутните беа бесплатно поделени над 4.000 порции пивтија, топли пијалоци и скара на жар, а беше организирана и музичка програма. Празничниот ден беше збогатен со настапот на Ленче Кукиќ.
„Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача градоначалникот Сашко Митовски.
Македонија
Филипче го честита празникот Богојавление – Водици
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита денешниот празник Богојавление – Водици.
„Го честитам големиот празник Богојавление, Бог се роди, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На момчето коешто и годинава исто како и лани го фати крстот, му посакувам многу успех и среќа оваа година. Тоа што скокна во ладните води на Охридското езеро е доказ за една голема храброст, голема умствена и телесна сила“, рече Филипче од Охрид.

