Македонија
Станови и за војниците од Тетово
Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев денеска во Тетово информираше за проектот „АРМ мојот вистински дом“, со кој се предвидува станбено згрижување на припадниците на војската
„Денешната средба беше со цел директно да се информираат заинтересираните за овој проект со кој Министерството за одбрана ќе овозможи и субвенционирање на каматите, плаќање на комуналии и други бенефиции кои одат во прилог на трајно згрижување на вработените во АРМ“, рече Димитриев за време на посетата на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово.Според него, од досегашните анкети околу 4.300 вработени се подготвени да учествуваат во овој проект.Со одлука на Министерството за одбрана, дел од просторот од тетовската касарна со вкупна површина од 10.000 метри квадратни ќе биде наменет за изградба на станови за офицерите, подофицерите и професионалните војници во АРМ, а дел за потребите на Општина Тетово.
На оваа тема во февруари разговараа и министерот за одбрана Зоран Коњановски и градоначалникот на Тетово Сади Беџети. Тогаш министерот најави дека изградбата на становите ќе започне во октомври годинава, а истите ќе бидат готови до средината на 2012 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

