Македонија
Топи прогласен за почесен граѓанин на Дебар
Албанскиот претседател Бамир Топи синоќа во Дебар на посебна свеченост беше прогласен за почесен граѓанин на Дебар, јави дописникот на Макфакс од Дебар
Градоначалникот Аргетим Фида при предавањето на Признанието нагласи дека албанскиот претседател оваа признание го добива заради особени заслуги за неговиот придонес во меѓуграничната соработка и унапредување на односите меѓу народите и државите во регионот.
„Задача на политичарите на Албанија и Македонија е да промовираат само политика на пријателство и добрососедство. Ви гарантирам дека Албанија и Македонија имаат една заедничка иднина а тоа е Брисел„, рече на свеченоста албанскиот претседател Бамир Топи. Тој додаде дека Албанија е членка на НАТО, но наскоро членка на НАТО ќе стане и Македонија. Македонија пак е чекор пред Албанија кога станува збор за интегрирањето во ЕУ, но и Албанија оди по тој пат нагласи албанскиот претседател. Сето оваа ќе донесе нова клима во регионот, нови инвестиции и повеќе виталност. Овој регион кој имаше минато со големи трауми има перспектива, заради тоа треба да бидеме оптимисти и да соработуваме повеќе, истакна Топи. На свеченоста присуствуваа над 300 видни личности од политичкиот, јавниот живот, претставници на верските заедници, делегација од Албанија, претставници на Македонската влада како и амбасадорите на Македонија и Албанија во Тирана и Скопје. Топи по средбата во локалната власт со градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, беше поздравен од страна на граѓаните, а положи и свежо цвеќе на споменикот на Скендербег во Дебар. Пред да пристигне во Дебар, Топи придружуван од заменик премиерот во Владата на Македонија, Абдулаќим Адеми го посети и Манастирот „Свети Јован Бигорски“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

