Македонија
Два милиони деца умираат од болести за кои има вакцина
Околу 10 милиони деца под петгодишна возраст, годишно умираат во светски рамки од која било болест. Меѓутоа, една четвртина или 2,5 милиони од нив умираат од болести кои можат да се превенираат со вакцина
Ваква е статистиката во светски рамки во пресрет на Европската недела на имунизација, која Македонија ја промовира веќе пет години.Милениумскатa цел е да се намали смртноста кај децата под пет годишна возраст, за две третини до 2020 година. „Оваа година посебна цел е елиминацијата на мали сипаници – морбили, затоа што морбилите во светски рамки бележат голем број на смртни случаи. Ако во Македонија регистрираме 6-10 случаи годишно, тоа не е случај со другите земји во светот“ вели Јованка Костовска, од Комисијата за заразни болести.
Во светски рамки во 2000 година имало 744.000 смртни случаи од морбили, за во 2008 година да опадне на 164.000 смртни случаи. Дневно умираат и по 400 деца од морбили. Епидемија на морбили ја зафати и Бугарија, каде има 14.000 заболени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

