Македонија
Ставрески: Македонија има голем напредок во економската слобода
Ставрески, кој викендов во Вашингтон учествува на пролетните средби на ММФ и Светската банка, беше категоричен дека македонската влада има нулта толеранција за корупцијата во општеството. Прогнозирајќи како ќе се развива економската слика во иднина, тој рече дека очекува растеж од два процента
од Јане Бојаџиевски, Глас на Америка на македонскиЗголемувањето на поддршката за мали и средни претпријатија е приоритет на Македонската влада. Во привлекувањето на странски инвестиции, Владата се фокусира на автомобилската индустрија, производството и дистрибуција на храна, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон, каде говореше на темата „Подемот на Македонија – економска слобода во тешки времиња“, осврнувајќи се на силните страни на земјата како бизнис-дестинација и за напорите да создаде клима за привлекување за странските инвеститори.Поедноставувањето на административните постапки за стопанството, редуцирањето на регулативата, таксите и тарифите и намалувањето на трошоците за започнување на бизниси се само мал дел од реформите спроведени изминативе години со кои Македонија оствари огромен напредок според Индексот на економска слобода на Херитиџ, подвлече Ставрески. Во Извештајот на фондацијата за 2010 година, Македонија е рангирана 22. места погоре од лани. Со 65,7 индексни поени се најде на 56. место од вкупно 179 земји во светот. Изминатите години беше на 78. место со 61,2 индексни поени. Македонија, според податоците на Херитиџ, има забележано четврти најголем подем во економската слобода од 179-те рангирани земји. Истражувањето на „Херитиџ“ се базира на 10 параметри: бизнис-слобода, слобода на увоз-извоз, фискална слобода, финансиска слобода, монетарна слобода, трошоци на Владата, криминал и корупција, слобода на инвестирање, работнички права и сопственички права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

