Македонија
Нивото на Вардар се намали за 75 центиметри
„Нивото на реката Вардар е намалено за цели 75 сантиметри и ако продолжи доброто време, нивото ќе опаѓа. Повеќе нема опасност од поплави и од излевање на Вардар“, констатира Дирекцијата за заштита и спасување која се темели на увидот што утринава нивните екипи го извршија по течението на реката
од Дијана Младенова, Велес
Доколку дојде до целосна стабилизација на хидролошката состојба во земјата ,тогаш според надлежните, во наредниве денови се очекува да се сумираат штетите и да се изврши проценка.Ако земјоделците од Шорка и Речани пријават поплави од зголеменото ниво на Вардар тогаш екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со тим од локалната самоуправа треба да изврши проценка и да препорача евентуално обесштетување.Пред само четири дена Вардар во речното корито кај Велес достигна ниво од високи 280 сантимети. Дел од нивите и фолиите беа зафатени со вода.Последната голема поплава во Велес за која постарите жители се уште се сеќаваат се случила во 1974 кога под вода бил голем дел од населба Дрворови, автобуската станица, градскиот пазар и повеќе улици, што гравитираат во тој дел од градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каде завршила пченицата од стоковите резерви во вредност од 800 илјади евра во време на власт на СДС и дали, покрај Димковски, профитирал и Љупчо Николоски, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, со секој изминат ден криминалните структури на СДС се повеќе излегуваат на површина.
Случајот со државните стокови резерви, како што велат од оваа партија, ја покажа целата нечесност и криминогеност на кадрите на СДС, кои лична корист се спремни да го жртвуваат дури и лебот на народот.
„Во последната акција на истражните органи, заедно со уште четири службени лица, опфатен е Трајан Димковски, дел од раководните структури на СДС кој е поранешен министер и заменик министер за земјоделие, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски.
Димковски се товари дека во периодот од 2019-2021 година, заедно со другите службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра.
До владата, Димковски поднел записник дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а владините претставници како Филипче, Заев и Николовски го донеле заклучокот на владина седница.
Не само што не провериле пред да се донеси заклучокот на владината седница, туку истите овие лица знаеле дека нема законска основа да се зема предвид тој период, затоа што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираната пченица и јачмен, а до 2019 се правеле редовни контроли каде не бил констатиран кусок“.
Со други зборови, појаснуваат од партијата на власт, пченицата била отпишана, иако постоела и била употреблива, а кусокот, веројатно, бил за периодот од 2019 до 2021 година.
Вреди да се напомни, додаваат од оваа партија, дека тој период се поклопува енергетската криза и со корона периодот, каде цените на храната вртоглаво растеа, и затоа јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица.
Прашуваат, дали е точно дека завршиле на црниот пазар во некоја од соседните држави и дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, профитирал од овој криминал врз грбот на граѓаните, па за тоа сега е гласен во јавноста исплашен од одговорност.
„Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност и целосно расветлување на случајот. Секој кој профитирал врз грбот на граѓаните да сноси одговорност и СДС да престане да ги брани криминалците од своите редови“.
Македонија
СДСМ: Владата намерно не бара екстрадиција на Груевски
Владата призна дека нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, велат од СДСМ.
Ова признание, според нив е директна потврда на сè што имаат кажано.
„Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија.
Од Будимпешта Никола Груевски е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е само негов извршител“.
Тоа како што додаваат од опозициската партија, се гледа и по политичките чекори кои ги презема, злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, АНБ, УЈП, инспекции.
„Напад врз независни институции, политичка хајка против опозицијата, меѓународна изолација, блокирани реформи, намалување на слободата на медиумите. Копија на матрицата на нивниот ментор Никола Груевски.
СДСМ ќе се спротивстави на овие обиди Македонија повторно да биде заложник на Никола Груевски и на ретроградни политики кои граѓаните ги поразија“.
Македонија
За хаосот со пензиите единствена вина има владата на Мицкоски која ги излажа пензионерите, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг, велат од СДСМ.
„Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле.
Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите?
Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а немаше да го доведе под прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра.
Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12.000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување“.
Во меѓувреме како што велат, има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и даваат рок за да направат измени на Законот кој се уште не е поднесен.
„Веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу. Со катастрофално лошите политики на ДПМНЕ дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милијарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Ова е реалноста а се друго е спин од страна на власта“, според СДСМ..

