Македонија
Институт за расветлување на транзицијата
Стечајци од Куманово не сакаат да бидат политички инструмент, и упатија апел до сите професори и интелектуалци, како и до самите стечајци да земат учество во ткн. Институт за приватизацијата
„Како група граѓани стечајци од Куманово пред канцелариите на Бранко Црвенковски објавивме дека нема да учествуваме во протестите пред Владата, бидејќи нема да дозволиме да бидеме политички инструмент за остварување ничии партиски интереси и политички амбиции. “, изјави претставник на Граѓанска иницијатива на група стечајци од Куманово Тие велат дека нам да дозволат да бидат предмет на политичка трговија и цел за поткусурување меѓу политичките партии. „Нашите судбини нема повеќе да ги доверуваме на политичари кои ја злоупотребуваат нашата мака за свои личен профит. Ние повторуваме дека не сме против ниту една политичка партија. Не сме против СДСМ, ниту против ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме само против оние кои ги уништија нашите фабрики, а во кои го посветивме целиот наш живот.Стечајците исто така побараа да се открие вистината за неуспешната и криминална приватизација на фирмите во кои тие работеле, при што најавија формирање институт за расветлување на транзицијата.„Ги повикуваме сите заинтересирани професори, интелектуалци, угледни и чесни луѓе, граѓани како нас, стечајци и невработени, луѓе кои останале технолошки вишок, да ни се приклучат, да учествуваат и така да ни помогнат во работата на овој наш институт. Ние само бараме правда и расветлување на вистината за приватизацијата на нашите фирми, кои веќе не работат.“, изјавија нивните претставници пред канцеларијата на поранешниот Претседател Бранко Црвенковски, нагласувајќи дека сметаат дека на овој начин ќе се помогне во разобличувањето на актерите на „криминалната приватизација на нашите фирми“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

