Македонија
„Скопје 2014“ почна со Гоце и Даме
Во недела започна поставувањето на спомениците во центарот на Скопје, кои се дел од проектот „Скопје 2014“, јавува Макфакс.
На двата постамента на влезот на Камениот мост од плоштадот „Македонија“ беа поставени спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. По ова ќе се продолжи со градби на постаментите на двата лава кои веќе се тука.Градоначалникот на општината Центар Владимир Тодоровиќ неодамна рече дека втората половина на 2011 година е рокот кога треба да биде поставен споменикот на Алексанадар Македонски.Проектот Скопје 2014 предвидува целосен редизајн на центарот на Скопје со голем број нови објекти на двете страни на реката Вардар и низа споменици на историски личности.Откако опозицијата обвинуваше дека проектот Скопје 2014 ќе чини 200 милиони евра,градските власти објавија дека вредноста на проектот ќе биде околу 80 милиони евра, пари кои ќе одат во неколку годишни буџети, и не се само на Владата, туку учествува и Општина Центар и градот Скопје и приватните инвеститори кои наоѓаат место во оваа реализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

