Македонија
Амбасадорот Јолевски имаше излагање на Капитол Хил
Амбасадорот на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, д-р Зоран Јолевски во среда во Конгресот на САД на покана на престижната Херитиџ Фондација се обрати со свое излагање за економските реформи во Македонијапред 12 членови на Конгресот на САД
Македонскиот амбасадор Зоран Јолевски заедно со амбасадорот на Полска, Роберт Купиецки, беа поканети да говорат како претставници на владите на државите кои се во врвот на листата на земји со најголем напредок во економски реформи во престижниот Индекс на економска слобода за 2010 г. (2010 Index of Economic Freedom) на Херитиџ Фондацијата. Имено Македонија беше рангирана на 4-то место на листата на земји со најголем напредок, додека, пак, Полска беше на првото место меѓу големите економии.Домаќин на овој значаен настан беше конгресменот Стив Кинг (Steve King) од Ајова. Селективниот брифинг во среда за членовите на Конгресот, претставуваше можност тие да се информираат за Македонија и напредокот што Македонија го постигнува во економската сфера, бизнис климата, за напорите што се прават за привлекување на странски инвестиции, како и за идните планови за реформи во економската сфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

