Македонија
За Македонија да ги започне преговорите со ЕУ се чека Грција
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе оценувајќи ја состојбата на Балканот и напредокот на земјите од просторот на поранешна Југославија за влез во ЕУ, потенцира дека брзината на реформите зависи, пред се, од домашните политичари
„Европската комисија ги утврдува критериумите и стандардите, останатото е на домашните актери, поточно да ги усвојат и применат. Би ги замолил граѓаните и политичарите на земјите-аспиранти да не мислат дека процесот на придружување односно неговата динамика дека ја контролира Брисел. Тоа во голема мера зависи од домашните актери, додава Филе во интервју за Радио Слободна Европа.Имајќи ја предвид ситуацијата меѓу балканските земји, блокираните односи меѓу Србија и Косово и состојбата во Босна и Херцеговина, Филе изјави дека токму поради тоа НАТО и ЕУ се присутни и инвестираат во Западниот Балкан. „Поради тоа членките на овие две организации се толку силно уверени дека просперитетот и стабилноста на земјите од просторот на поранешна Југославија може да се обезбеди со влезот во НАТО и ЕУ. Заради тоа многу се ангажираме, не само во контактите со политичарите на Балканот за да се спречат какви било сценарија. Јас сум оптимист, остварен е голем напредок. Хрватска е во завршна фаза на преговорите за членство. Со Поранешната Југословенска Република Македонија чекаме само зелено светло од една земја-членка на Унијата за да ги почнеме преговорите“, изјави еврокомесарот Филе, уште еднаш потенцирајќи дека ова покажува дека за конкретните прашања од интерес за граѓаните, домашните политичари се подготвени заедно да работат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

