Македонија
Состаноци на Советот на Европа во Скопје

Во рамките на претседавањето со Комитетот на Советот на министри на Европа на 20 и 21 мај во Собранието на Република Македонија ќе се одржат состаноци на Претседателскиот комитет, Бирото и Постојаниот комитет на Советот на Европа
Како што денеска информираше Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа на овие состаноци ќе присуствуваат пратеници од 47 земји-членки на Советот на Европа.Шеф на македонската делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа е пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, а членови се пратениците Ермира Мехмети од ДУИ и Игор Ивановски од СДСМ.„Особено сум горд што во рамките на делегацијата што ја водам имаме исклучително активни пратеници кои што активно учествуваат на пленарните сесии кои што четири пати годишно се одржуваат во Стразбур, понатаму на состаноци на постојаниот комитет, на комисии и слично“, изјави шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија Александар Николовски.Тој додаде дека без разлика на партиската припадност, членовите на делегацијата заеднички работат на заштита и промоција на интересите на граѓаните на Република Македонија.„Се надевам дека со активностите кои ги имаме овие денови, достојно ќе ја презентираме нашата држава, како и Собранието на Република Македонија, ќе продлабочиме многу контакти и пријателства со колегите од 47 различни парламенти. Основа на нашето делување ќе биде промоција на заштитата на човековите права на реформите кои што стартуваат во Советот на Европа, како и на целите кои ги имаме како наше претседателство со Комитетот на министри“, истакна Николовски.На состаноците свое учество ќе земе и претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавушоглу, кој што покрај редовните активности ќе има и средби со македонската делегација во парламентарното собрание, потоа средба со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јаневска потпиша протокол: Македонија и Турција ќе разменуваат наставно – научен кадар, ученици и студенти

Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој.
„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потпишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти“, велат од Министерството за образование.
За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концептот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.
На средбата се зборуваше и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.
Македонија
Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.
Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Македонија
Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти, кои се изгубиле на планината Осогово

Вчеравечер, во полицијата во Штип, Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.
„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од 1.000 метри, над манастирот ‘Св. архангел Михаил’ во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде што е утврдено дека се работи за Г. Д. (38) од Скопје, К. Н. (38) од Гевгелија и Д. П. (31) од Скопје“, соопшти МВР.
Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку, по спасувањето, си заминале со мотоциклите.