Македонија
Иванов и Наумовски разговараа за последниот извештај на ЕК
Исполнувањето на забелешките од последниот извештај за напредокот на Македонија од Европската Комисија била централна тема на денешната средба на Претседателот Ѓорге Иванов со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Васко Наумовски
Најновиот напредок постигнат во рамките на процесот на интеграција во Европската Унија, со акцент на одредниците и активностите што Владата и другите институции ги спроведуваат за нивна реализација, била тема на денешниот состанок на претседателот Ѓорге Иванов со вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски.
„На средбата, Наумовски го информираше Претседателот Иванов за активностите кои ги презема Владата на Република Македонија за исполнување на забелешките од последниот Извештај за напредокот подготвен од страна на Европската Комисија“, се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателот, од каде средбата е оценета како протоколарна.
„Се задржавме и на реформите во правосудството и во администрацијата како два процеса кои ќе се одвиваат во наредниот период и за чиј што напредок беа направени определени чекори во изминатиот период. Се надеваме дека со сите активности што заеднички како држава ќе ги спроведеме ЕК ќе биде во состојба да препорача почеток на преговорите со Република Македонија“, рече Наумовски по средбата со Иванов.Вицепремиерто Наумовски притоа истакна дека во рамките на своите надлежности, Претседателот Иванов останува вклучен во промоција на интересите на Република Македонија и добивањето датум, во рамките на ЕУ и на средбите што тој ќе ги остварува во наредниот период и оти Владата и претседателот ќе работат во тесна координација.Запрашан дали се исполнети одредниците што ги постави Брисел, Наумовски го повтори ставот дека нивното исполнување го цени ЕК и дека Владата не би ја преземала нејзината улога.За можноста од грчко вето и во ЕУ, вицепремиерот за европски прашања, вели дека Владата е фокусирана на исполнувањето на оредниците, а прашањето за името со Грција не е дел од тој процес
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

