Македонија
Ќе се решава статусот на кадарот во детските градинки
На 100 од вкупно 160 негувателки и воспитувачки во претшколските установи кои работат со договори на определено време, до крајот на годината работниот однос ќе им биде трансформиран на неопределено време, соопшти вицепремиерот Пешевски
Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, половина од негувателките и воспитувачките решенијата треба да ги добијат во јуни пред почетокото на летните одмори, а другата половина во септември. На останатите шеесетина, статусот ќе им биде решен во текот на 2011 г. „Прво ќе им биде регулиран статусот на воспитувачките и негувателките кои повеќе години работат со договори за определено време. Потоа ќе се решава статусот на оние кои на ваков начин работат покус период. Нови вработувања нема да има. Ова е проблем кој не е настанат сега, туку бил игнориран подолго време. Затоа е потребно тој да се решава постепено“, рече на прес-конференцијата во недела Пешевски.Вицепремиерот додаде дека иако решавањето на статусот било најавено пред околу еден месец, потребно било да се чека ребаланскот на Буџетот за да може точно да биде прецизирана динамиката на решавање на проблемот. Како што рече Пешевски, на овој начин Владата го исполнува она што сме го ветила.Вицепремиерот Пешевски додаде дека неофицијално има најави од некои општини и тие во рамките на нивните можности да помогнат во решавање на овој проблем, поради што не ја исклучи можноста побрзо да се реши статусот на другите 60 негувателки и воспитувачки.За во иднина да не се појавуваат вакви проблеми, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами најави дека отсега веднаш кога некоја негувателка или воспитувачка ќе замиен во пензија, ќе беде дадена согласност за ново вработување.„Кога се нафативме да го решиме овој проблем кој се провлекува со години, пред се бевем водени од интересите на децата за да не се случи да нема кој да ги воспитува и негува“, рече Бајрами.Негувателките и воспитувачките од градинките од целата држава подолг период протестираа и бараа решавање на нивниот статус. Неодамна најавија дека наскоро ќе организираат и протестен марш. Вицепремиерот Пешевски истакна дека доколку и после оваа одлука на Владата мислат да го организираат маршот, тоа е нино право и оти тие како Влада во нејзиното донесување се воделе пред се од интересот на децата, а не, како што додаде министерот Бајрами од притисокот на негувателките и воспитувачките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

