Македонија
Средба на армиските штабови на балканските земји
Во романскиот град Брашов се одржа четвртата Конференција на началниците на генералштабовите на вооружените сили на балканските земји, на која учествува Началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски
На конференцијата на која покрај началникот на Генералштабот на АРМ учествуваат и началниците на генералштабовите на оружени сили на уште осум земји од Балканот, Турција, Албанија, Грција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Романија и Србија, беа презентирани заклучоците на координативната работна група на конференцијата.Во заедничката изјава началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји се заложија за продолжување на соработката меѓу оружените сили во регионот, при што од особено значење е натамошното јакнење на воспоставените механизми за делување во борбата против асиметричните закани по безбедноста на Балканот, проширување на соработката на полето на обуката и вежбите, изнаоѓање нови можности за асистенција на цивилните структури во услови на природни катастрофи и друго. Заедничка констатација на сите учесници е дека Конференцијата на НГШ од Балканот претставува одлична алатка за јакнење на довербата, меѓу државите, но и за промоција на одличната меѓуармиска соработка, како силен импулс за натамошно јакнење на мирот и безбедноста во регионот и пошироко.На Конференцијата, свое излагање имаше и НГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски во кое тој ја потенцираше улогата на вооружените сили во јакнењето на регионалната стабилност, при што неговиот предлог за одржување на петтата Конференција на НГШ во 2011 година да се одржи во Република Македонија, беше од сите учесници едногласно прифатен. На конференцијата, со свои анализи и погледи за прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста во регионот, посебен придонес имаа заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал-потполковник Валтер Гаскин, Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ генерал Хакан Сирен и командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмирал Марк Фитцџералд, соопштија од министерството за одбрана на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

