Македонија
Триумфалната порта падна на Уставен суд
Триумфалната порта, скулптурите на мостот „Око“, сообраќајни решенија и неколку катни гаражи паднаа на Уставен суд, откако судот ги укина измените на деталниот урбанистички план „Мал ринг“
Според судиите, деталниот урбанистички план кој беше донесен на 21 јануари, бил донесен во незаконска постапка односно за него било одлучено во скратена, а требало да биде донесен во редовна постапка.Уставниот суд уште еднаш поведе постапка и за измените на законот за внатрешни работи од 2010 година, околу пензионирањето на полицајците.Членовите од законот со кои се предвидува полицајците да одат во пензија со 40 години работен стаж и ги доведува до нееднаквост вработените во МВР кои во однос на законот за пензиско и инвалидско осигурување одат со 25 години стаж за жени и 50 години старост, а 55 години старост за мажи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затвор во Идризово, Живко Пејковски
На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на најголемиот затвор во државава.
Веста за неговата смрт е објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се простуваат од него.
Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот на Пејковски ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.
Македонија
Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
Времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд.
Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело
Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници.
Град Скопје го обвинува претседателот на Советот, Трајко Славески дека дејствувал спротивно на Законот и Деловникот на Град Скопје, донел заклучок без кворум, не им дозволил на претставниците на градската аднимистрација стручно да се произнесат, а дополнително упатил и закани кон вработените.
„Спротивно на член 87 од Деловникот на Советот на Град Скопје, без кворум односно неопходното мнозинство за работа од 23 советници, без соодветно од страна на стручните служби да биде утврден бројот на советници присутни во салата и бројот на гласови, своеволно изјавивте дека заклучок е донесен и притоа повикавте вработените во градската администрација и Градоначалникот да постапуваат иако стручните служби на Град Скопје и сите останати советници во Советот укажуваа на неправилностите во водењето на седницата и немањето кворум за одлучување“, велат од Град Скопје во дописот до Славески.
Од тука нагласуваат дека ваквиот Заклучок кој произлегува од Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената на услугата која ја добиваат приватните превозници, гласан без кворум не може да се смета за донесен.
„Стручните служби во градската администрација и градоначалникот во ниту еден момент и на никој начин нема да бидат соучесници во вашето грубо прекршување на Статутот, Деловникот и незаконското постапување“, наведе Град Скопје, додавајќи дека покачување на цената по километар се врши врз основа на критериуми, а не по нечија желба. Како критериуми, меѓудругото, ги наведуваат трошоците за гориво, бруто плата на возачи, трошоци за резервни делови, регистрација, технички преглед.
„Секој поинаков предлог и донесување акт е спротивно на позитивните законски прописи и подзаконски акти, а доколку реалната цена добиена согласно горенаведените критериуми е пониска од онаа која вие сте ја договориле без соодветна анализа и факти, истото ќе предизвика штета на Буџетот на Град Скопје и прибавување противправна имотна корист на други лица“, се вели во дописот до Славески.
Според Град Скопје, тој сакал свесно да ги задолжи градоначалникот и секторите да изготват и поднесат незаконски акт кој може да го оштети Буџетот, односно да преземат дејствија со елементи на кривично дело.
Допис од Град Скопје до Трајко Славески (1)
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески претходно објави дека дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.
„Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок“, вели Славески.
Тој тврди дека во моментот на гласањето некаде околу една минута, ја молел службата да ги изброи гласовите, а советниците стоеле и тоа може да се види од снимката. Рече дека советниците имале забрана да ги бројат гласовите, а тоа може многу лесно да се провери.
Совет на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за… pic.twitter.com/lkz973lFmx
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 29, 2024
„Не остана ништо друго, туку јас самиот да избројам. Во меѓувреме нели советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат кворумот не успеаа во тоа, може и тоа да се провери да се изброи, така што донесена е одлуката“, рече Славески.