Македонија
Македонија и Франција ја засилуваат соработката во безбедноста
Во Министерството за одбрана на Република Македонија во понедленик беше потпишана Спогодба меѓу владите на Македонија и Франција за размена и заемна заштита на класифицирани информации
Спогодбата ја потпиша, од македонска страна министерот за одбрана, Зоран Коњановски и амбасадорот на Република Франција во Скопје, Жан-Клод Шлумберже. Министерот Коњановски истакна дека со потпишувањето на усогласениот текст на Спогодбата се потврдува компатибилноста на законската регулатива и прописите на Република Македонија во областа на класифицираните информации со законодавството на земјите членки на НАТО и ЕУ што во голема мерка ја олеснува и билатералната соработка за размена и заемна заштита на класифицираните информации. Амбасадорот Шлумберже, изрази благодарност до сите кои активно беа вклучени во усогласувањето и изработката на текстот, потенцирајќи ја одличната соработка меѓу двете земји , која постојано се продлабочува во сите области. На средбата пред потпишувањето, министерот Коњановски и амбасадорот Шлумберже, заеднички констатираа дека со влегувањето во договорната соработка на полето на класифицираните информации се отвораат можности за поблиска соработка во областа на одбраната и безбедноста, јавните набавки на опрема од класифициран карактер, учество на македонските компании на класифицирани тендери итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

