Македонија
Левиот крак на Врело завршува на 165 метри?

Спелеонуркачот Луиџи Касати денеска стигна до длабочина од 165 метри во левиот крак на пештерата Врело на Матка, каде се претпоставува дека е и крајот на кракот.
Спелеонуркачот Луиџи Касати денеска стигна до длабочина од 165 метри во левиот крак на пештерата Врело на Матка, каде се претпоставува дека е и крајот на кракот.
Касати на 160 метри длабочина на левиот крак открил дека тој продолжува во хоризонтала и претпоставува дека се спојува со десниот крак, информираат од спелеонуркачкиот клуб „Врело“.„Кракот е широк 8 метри и висок 6 метри и едвај може да влезе во него еден нуркач. Има многу кал и поради тоа видливоста е слаба“ – велат од клубот.
Од следната недела меѓународната експедиција ќе продолжи да го истражува десниот крак, каде се очекува да се отиде уште подлабоко во пештерата, од веќе достигнатите 190 метри длабочина.
„Од понеделник ќе почнеме да ја преместуваме опремата во десниот крак, а ќе земеме и примероци од водата, камењата и песокот од повеќе места за да се испитаат во МАНУ“ – вели нуркачот Бојан Петковски.крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Исчезна 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од тетовско Фалише, полицијата и семејството го бараат од вчераутро

Семејсвото и полицијата го бараат 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски (роден 1.5.1942). Илегол од својот дом во Фалише вчера во 10 часот со намера да оди кон Тетово и семејството не може да го најде.
Облечен е во блуза со крагни и со пруги, сини кратки панталони и со шапка на глава со крем боја.
Семејството апелира ако некој го забележи веднаш да пријави во полиција, на бројот за итни случаи 192 или да се јави кај нив на борјот 077/993-984.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центарци добија современа теретана на отворено во Паркот на франкофонија

Општина Центар, на барање на жителите, постави теретана на отворено во Паркот на франкофонија, создавајќи современо катче за здрав и активен живот.
Фитнес зоната располага со 17 справи наменети за вежбање и развивање на сите мускулни групи. Во склоп на теретаната има клупи за стомачни, висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и друго, извести Општината.
„Новата теретана е совршено место за вежбање и рекреација. Ваквите простори нудат тренинг на свеж воздух без потреба од членство или дополнителни трошоци. Верувам дека рекреативците и љубителите на спортот, од сите возрасти , ќе уживаат вежбајќи во преубавиот зелен амбиент на паркот,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Овие денови ќе биде поставена и вештачка трева, што обезбедува удобна и безбедна површина за вежбање. Опремата е изработена од висококвалитетен материјал со заштитен премаз и прашкаста боја, што гарантира издржливост и отпорност на влага и атмосферски влијанија.
Просторот за вежбање е реализиран по предлог на граѓаните, во рамки на Маалските средби организирани од локалната самоуправа, а во согласност со општинските приоритети за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, се додава во соопштението од општина Центар.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери.
„Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера, на 16.9.2025. Од WHOIS-записот не се гледаат јавни детали за вистински регистрант или крајни сопственици. Ова јавно отсуство на податоци, во комбинација со именуваните name servers и регистратор, укажува на обид за анонимност и прикривање на вистинските нарачатели и сопственици на сајтот, што дополнително ги засилува сомнежите дека станува збор за намерна, организирана кампања со цел политичка манипулација и сокривање на траси кон вистинските иницијатори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад вакви обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и партиски цели.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака по уште еден пат да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Зарем Обвинителството ќе остане немо на вакви содржини кои директно шират омраза, дезинформираат и претставуваат закана за безбедноста на луѓето? Дали институциите ќе ги испитаат регистраторските траги и ќе утврдат кои стојат зад анонимниот сајт и кој ги нарачал овие монструозни материјали?
Јавноста мора да знае дека обидот да се оцрни политичкиот противник преку вакви монструозни конструкции не е ништо друго освен признание за немоќ и недостаток на идеи. Болката на семејствата мора да остане света и недопирлива, а не инструмент за најниска политичка злоупотреба.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на демократијата, дијалогот и решавањето на проблемите на граѓаните преку одговорни политики, а не преку ширење на омраза и лаги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.