Македонија
Интегралната евалуација, добра за образованието
Проектот на Министерството за образование интегрална евалуација почна да се применува во основните и средните училишта во земјава, а самиот проект се наметнал како потреба, велат од Државниот просветен инспекторат кои се надлежни да ја спроведуваат
„Кога ми падна в раце проектот интегрална евалуација јас реков ако нешто добро се има случено во образованието во изминативе 20-30 години тоа е интегралната евалуација.“- вели Џорџе Арсов директор на Државниот просветен инспекторат.Евалуацијата се спроведува во зависност од големината на училиштето и бројот на ученици па од двајца до петмина инспектори се присутни на местото на интегрирање и по неколку дена, со цел да ги опфатат осумте области на целокупното работење на училиштето.„По конечниот извештај истиот се доставува до градоначалникот, наставничкиот совет, училишниот одбор, родителите.“- вели Арсов за Тера телевизија.Досега на ниво на земјава се опфатени 132 основни и средни училишта, резултатите се позитивни вели Арсов, но за целосна интеграција треба повеќе време, но позитивно е прифатено и од директорите, наставниците и учениците. Како продолжение на евалуацијата стартува и пилот проектот оценување на наставниците и до сега во 40 училишта пробно е спроведен.„Негативни се резултатите, наставниците заборавиле на своите законски обврски.“- вели Арсов.На ниво на Битола се забележала добра соработка меѓу локалната самоуправа и училиштата.„Битола е еден од градовите кои добро си ја сфатиле сериозно работата со децентрализацијата.“ додава Арсов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

