Македонија
Шеесетина верници крстени во водите на реката Бабуна
На третата групна крштевка православната христијанска вера ја примија и бебиња и возрасни од целата Велешка епархија
Брачниот двојка Лазови од Кавадарци денеска ја примија православната христијанска вера. На масовната крштевка во реката Бабуна, кај Велес, тие си ја исполнија повеќе годишната желба да бидат крстени и да бидат верници на македонската православна црква. „Кога бевме мали нашите родители не не крстиле. Сега кога станавме баба и дедо, нашите внуци ги крстивме, па сакавме и ние да бидеме крстени. Тоа е убав чин, а за нас да бидеш крстен значи да примиш благослов од Господ и да веруваш во Него“, рече Ружица Лазова од Кавадарци.На обредот на светото крштевање во осветените води на реката Бабуна православната вера ја примија шеесетина верници од Повардарската Епархија. Овој свет чин на крштевање и на соединувањето со Божјиот дух, го изврши митрополитот на Епархијата Агатанѓел во сослужение на свештеници од велешкото намесништво. „Како архиреи на Македонската православна црква сме должни да си го чуваме стадото, да го повикаме, просветуваме и да се милиме за него, за епархијата и за целиот македонски народ“, рече владиката Агатангел. Повардарската Епархија по трет пат организира бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна. Оваа традиција веќе заживеа. Досега прваославната вера на овој начин ја примија над 150 верници. Епархијата, покрај групното крштевање, почна во манастирот Свети Димитрија да организира и групно венчавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

