Македонија
СОНК: Нема превирања и финансиски криминал во синдикатот

„Во СОНК ни врие, ниима превирања а уште помалку финансиска корупција, малверзација или криминал“, тврдат од самостојниот синдикат за образование и наука, по последните напади од разрешените членови на СОНК дека се проневерени 79 илјади евра, холандска донација
Претседателите на Регионалните одбори на СОНК на прес конференцијата во неделата ги демантираа обвинувањата од поранешните членови на Синдикатот, истакнувајќи дека тие се резултат само на нивното разрешување и најавија кривична пријава против нив. „Со невистините што ги пласираат во јавноста се обидуваат да ја извртат вистината, со што прават штета на целиот наш Синдикат. Зачудува и фактот што двајцата најекспонирани во нападите, како досегашни членови на највисокиот орган на СОНК одлучувале во претходните години за финансиските извештаи, вклучувајќи ги и синдикалните донации од холандскиот синдикат“ – велат од СОНК.Тие ги одбиваат и обвинувањата дека поранешните членови на Синдикатот се исклучени заради нечија желба, туку поради нивно грубо кршење на Статутот.Минатата недела разрешените членови на регионалниот одбор на СОНК во Центар го обвинија претседателот Дојчин Цветановски дека ги разрешил спротивно на статутот на Синдикатот поради тоа што сака да ги сокрие проневерите со холандската донација од 79 илјади евра за едукација на Синдикатот и со парите од членарината..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.