Македонија
Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ
Во вторник во Брисел ќе се одржи седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија, на кој ќе се разговара за постигнувањата во процесот на пристапување на земјава кон Унијата
Состаноците на Советот за СА, кои се одржуваат еднаш годишно, се од исклучително значење за текот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ. Со оглед на ротирачкото претседателство со Советот за СА, со годинешниот состанок ќе претседава Европската Унија, односно Министерот за надворешни работи на Белгиското претседателство, Стивен Ванакере, а ќе учествува и комесарот Штефан Филе. Копретседавач со Советот за СА од Македонска страна е министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Во делегацијата на Република Македонија учество ќе земат и вице-премиерот Васко Наумовски и државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор Илхам Исмани. На состанокот на Советот за СА ќе се разговара за постигнувањата на Република Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, политичките и економските критериуми, спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, финансиската соработка и прилагодувањето кон законодавството на ЕУ. На состанокот ќе бидат разменети мислења и за состојбите во ЕУ од аспект на Спроведувањето на Лисабонскиот договор, стратегијата „Европа 2020“, справувањето со економската криза, а ќе се дискутира и за состојбите на Балканот, придружувањето на Македонија кон Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и за други надворешно-политички прашања од заеднички интерес. Советот за стабилизација и асоцијација (Советот за СА) е највисоката институционална структура за билатерален политички дијалог и соработка меѓу Република Македонија и Европската Унија, воспоставена со Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Спогодбата за стабилизација и асоцијација стапи во сила на 1 април 2004 година и ја претставува рамката за спроведување на договорните односи се до приемот на Република Македонија во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), Албанија (0,29%), Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, иако државата обезбедува високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува ефикасност и независност. Во соопштението се наведува дека постапките се бавни, предметите нерешени, а одложувањата чести, што, според партијата, создава недоверба кај граѓаните.
Партјата нагласува дека, и покрај тоа што судиите земаат и до три просечни плати, резултатите се минимални, а системот нема ниту квалитет, ниту реформи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека наместо да бараат повисоки плати, судиите треба да покажат резултати што ќе ги оправдаат веќе обезбедените средства.
Во соопштението се додава дека правосудството е зрело за реформи и дека тие мора да се случат.
Македонија
Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти
Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ.
Ноќеска од 03.30 часот на овој патен правец, дел од стовариште „Митко“, на десната коловозна лента во правец на Охрид околу 100 метри, имаше вода од околу 30см, информираше претходно АМСМ. Сообраќајот беше пренасочен по левата коловозна лента.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.

