Македонија
ИВЗ го праќа Рамадани кај талибаните

Рамадан Рамадани со неговата вaхабистичка група нè протера. Него му е местото во Авганистан, нека се врати таму, нема тука што да бара, порача џематот Касеми Шабани од Иса-бег џамијата во Скопје
Сите советници и имами што се вработени во џамиите при Исламската верска заедница(ИВЗ) во вторник му дадоа поддршка на муфтивството на ИВЗ во напорите за одржување на верскиот живот.„Апелираме до џематот и до верниците да не паѓаат под влијание на вакви ѓаволски манипулации, затоа што лица како Рамадан Рамадани сакаат да го искоренат традиционалниот ислам кој што се практикува и со векови во нашите чисти огништа, а од друга страна овие вехабистички струи, имаат намера од нашите огништа ја искоренат секоја трага на нашиот идентитет, јазик, култура и традиција“, изјави Невзат Амети, имам во Кондово, кој вехабизмот го спореди со најопасниот канцер во општеството.Протераниот џемат Касеми Шабани вели дека вработените не можат да влезат во Иса бег џамијата ако немаат исто мислење со Рамадан Рамадани.Според него, само групата на Рамадани знае од каде ги црпи средствата за нејзиното делување.„Тоа само тие знаат, од Авганистан, од талибанците“, изјави Касеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.