Македонија
МВР реагира на пресот на Димовски од СДСМ
Министерството за внатрешни работи не е зачудено што најпозитивните извештаи од Европската комисија за реформите во полицијата во целост се разликуваат од ставовите на СДСМ, бидјечи како што велта – асно е дека таа партија работи по различни начела и критериуми од оние во земјите на ЕУ
„Не постоењето волја да се раскрсти со насилството во сопствените редови очекувано резултира со обид сите други да бидат претставени како исти. Мора да ги разочараме дека тоа не е ниту смее да биде така. Независна истрага и најостри санкции за одговорните се исходот не само на последните, туку на сите настани во кој ќе се укаже на какво било непрофесионално однесување на полициските службеници“, се вели во реакцијата на МВР на денешната прес-конференција на СДСМ.Токму ваквиот однос и решителноста за реформи во полицијата, посочуваат од МВР, се несватливи за СДСМ, кој, според нив, и во Собранието покажал дека „одговорноста за нив е мислена именка кога станува збор за партиски интереси“.„Насилството и насилниците кои напаѓаат, тегнат, туркаат, се закануваат и навредуваат се прифатливи доколку имаат членска книшка. Срамно е да се потценува памтењето на граѓаните кои знаат како СДСМ ја третираше одговорноста при најголемите катастрофи во македонската историја, односно атентанот на претседателот Глигоров и трагичната неразјаснета смрт на претседателот Трајковски. Единственото логично образложение за амнестирањето и одбегнувањето на одговорноста при овие трагедии е проценката на “професионалците“ од СДСМ, или дека била добро завршена работата или дека бргу ќе се заборави, а Законот не смее да важи за оние со иста партиска книшка“, се наведуванатаму во реакцијата на МВР.За МВР токму тука е огромната разлика, бидејќи како што нагласуваат – „сега секој сноси одговорност и за најмалиот пропуст“. Од МВР зметаат дека е кога СДСМ се обидува да лаже за нивната наводна волја за професионализација и се обидува да ги понижи граѓаните кои беа сведоци дека токму нивните пратеници беа против професионализацијата и воведувањето на системот на кариера во полицијата.„„Структурата“ која СДСМ се обидува да ја омаловажи, изминативе четири години успеа да ја промовира Република Македонија во релевантен меѓународен партнер во борба против криминалот. Наместо „исчезната“ дрога од депоата во времето на „професиналците“ на СДСМ сегашната „структура“ доби пофалби од Интерпол, СЕКИ, ДЕА и сите релевантни меѓународни организации за рекордните заплени на наркотици. Наместо загинати трудници и избегани криминалци како резултат на акцијата во село Раковец (испланирана во 2003 од “професиналците“ на СДСМ), сегашните “структури“ ги реализираа “ Планинска бура“, Радуша и низа други поздравени и од меѓународната заедница, велат од МВР.Воедно се посочува дека наместо 105-то место за кое најголема заслуга имаат “професионалците“ од СДСМ, сегашната “структура“ со акциите како Бумеранг, Метастаза и други ја крена Република Македонија 35 места погоре на листата на транспарентност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

