Македонија
АРМ е значаен фактор на стабилноста во регионот

Армијата на Република Македонија (АРМ) не е гарант на мирот само во Македонија, туку е значаен фактор на стабилноста во регионот, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во пресрет на 18 август денот на АРМ.
„Нашиот придонес кон обезбедувањето стабилност и мир во некои од најзагрозените региони во светот, заедно со армиите на водечките демократски сили во светот, е големата потврда за успехот кој го постигна македонската Армија“, рече врховниот командант.Честитајќи им го празникот на сите припадници на АРМ, Иванов потсети дека формирањето на АРМ се одвиваше во денови полни со неизвесност, со што Македонија прати јасен сигнал дека е решена да опстои на својот пат.„Низ годините АРМ беше соочена со голем број предизвици и од нив израсна посилна и поцврста. Денес, ние се гордееме со Армија за пример, која ги исполнува високите стандарди на професионалност, стручност и мотивираност. Одбранбена сила во која заедно служат и која ги обединува припадниците на сите етнички и верски заедници и за која токму оваа разновидност и сплотеност е и најзначајниот извор на сила“, рече Иванов.Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 годишнината од формирањето на македонската Армија, ќе се одржи утре во касарната „Илинден“, во присуство на комплетниот државен врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.