Македонија
Започна дигитализацијата во образованието
Во насока на подобрување на квалитетот на образовниот процес и доближување на образованието до модерните и современи потреби на учениците, започнува националната стратегија за развој на дигитални содржини.
„На последната седница на Владата на Република Македонија, Владата ја прифати Националната стратегија за развој на електронски содржини во образованието, која што беше поднесена од страна на Министерството за информатичко општество,“ рече Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.Тој додаде дека преку оваа стратегија на учениците ќе им се овозможи индивидуален пристап кон учењето, со што се очекува зголемено знаење и вештини како од областа на предметите кои што ги изучуваат така и од областа на информатичките технологии.„Дигиталните содржини треба да бидат мултимедијални, односно да содржат текст, анимација, звук и презентација. Дигиталната наставна содржина треба да биде достапна во училиштата за време на наставата и да биде присутна надвор од наставата во домовите на учениците“, рече Министерот Ивановски.Весна Хорватовиќ, Директорката на бирото за развој на образованието истакна дека употребата на дигиталните содржини во никој случај не е замена за учебниците и за традиционалните методи на работа, туку напротив треба да биде дополнување на реализацијата на наставниот час и приближување до потребите на учениците.„Според нашите истражувања учениците најчесто бегаат од часови поради здодевност и мораше нешто да се превземе во насока на тоа да се применуваат методи со кои учениците ќе бидат мотивирани и заинтересирани за самите содржини кои се одвиваат на часовите “, рече Хорватовиќ и додаде дека намерно се избрани теми за дигитализирање кои обично наставникот користејќи ги традиционалните методи, потешко успева да ги доближи до учениците како предметите биологија, хемија, физика и математика.Како дел од заедничката стратегија на министерството за образование и наука и министерството за информатичко општество, ќе бидат обучени повеќе од 6.000 наставници во основното образование.„Во развојот на оваа стратегија активно беа вклучени претставници од министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, професори од Академијата, експерти од приватниот сектор кој што активно развиваат вакви содржини со цел да се направи еден квалитетен стратешки документ кој што ќе може да се применува во наредните пет до десет години“, информираше Министерот Ивановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.