Македонија
Груевски: Опозицијата обвинува во недостаток на аргументи
Обвинување на опозицијата дека Владата ги кочи евроинтеграциските процеси се недостаток на аргументи. Напротив оваа Влада е најмногу фокусирана и најмногу посветена на евоинтеграцијата, рече денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги опозициските обвинувања.
По поставувањето на камен темелник за нова спортска сала во средното училиште “Зеф Љуш Марку“ во Скопје, премиерот Груевски изјави дека минатата година Владата успеала за добивање по првпат позитивен извештај од Европската комисија.„ Аргументите на опозицијата не држат. Влада која е незаинтересирана земјата да влезе во ЕУ не би се трудела толку многу за да дојде до позитивен извештај и да дојде до препорака од Европската комисија за отворање на преговарачкиот процес“, изјави Груевски.Груевски посочи дека единствениот проблем за влез на Македонија во ЕУ е спорот со Грција, но како што рече Владата е фокусирана на решавањето на тој проблем.За преговарачкиот процес и најавуваните нови рунди на преговори премиерот Груевски рече дека нема нешто особено ново, но оти медијаторот Метју Нимиц е активен во контактирањето со двете страни.„Дали ќе има некаква специјална рунда или евентуално доаѓање на медијаторот Нимиц или некој посебен настан, неможам да преудицирам. Тоа најдобро го знае тој. Во секој случај тој го одржува темпото на контакти и на комуникација и на консултации. Што понатаму ќе се случува , зависи од него“, изјави Груевски.Премиерот Никола Груевска денеска беше на ставањето на камен темелник на новата спортска сала која ќе се гради во рамките на средното училиште “Зеф Љуш Марку” во скопската општина Бутел.„Присутни сме на свеченото отпочнување на градба на спортска сала која што ќе има капацитет од 400 гледачи на 1300 квадратни метри, во општина Бутел во училиштето Зеф Љуш Марку .Оваа сала ќе ја користат учениците и наставниците од училиштето, но исто така и од околината и општината.Исто така ќе може да ја користат спортски клубови. Ова е дел од проектот на Владата, преку Министерството за образование за изградба на 145 спортски сали. Работите одат според планот, со цел давање можност на младите да се посветат на спортот, на здравиот начин на живот, наместо на пороците и на она што може да им го загрози животот“, рече претседателот на Владата.Како што најави тој салата треба да биде пуштена во употреба за осум до девет месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

