Македонија
Забавна фудбалска школа по деветти пат во Кисела Вода
Отворените фудбалски школи Скопје во соработка со Општината Кисела Вода, повторно по деветти пат ја организираат летната Забавна фудбалска школа
Оваа година општината Кисела Вода,отворената фудбалска школа ја организира заедно со општината Петровец. Школата е под стручен надзор од професионални тренери од двете општини, кои на децата учесници ќе им ги откриваат тајните на фудбалот. Школата започна на во вторникот, на стадионот во Општина Петровец а ќе заврши во сабота, во големиот парк спроти Поштата во населба Драчево. На оваа школа учествуво земаат повеќе од 400 деца на возраст од 6 до 12 години од двете општини.Истоврмено од општината информираат и дека летниор период бил максимално исползуван за реалзиација на поголем број градежни активности кои се предвидени со Годишната програма за комунални дејности за 2010 г. Така, изминатиот период општината Кисела Вода ги завршила активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во сите 14 месни и урбани заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

