Македонија
МОН: СДСМ дава квалификации за тела што уште не постојат
Министерството за образование реагира во врска наводите изнесени од СДСМ, обајснувајќи дека ревизорските тимови за учебниците за основно образование се во фаза на формирање, па се прашуваме како СДСМ може да дава наводи за се уште непостоечки тела, односно тела кои се во фаза на формирање?
„Министерството уште еднаш би сакало да потенцира дека во ревизорските тимови ќе бидат вклучени и стручни лица, професори на факултети од соодветните области, професори од педагошките факултети, како и соодветни советници од Бирото за Развој на образованието“, се нагласува во реакцијата на Минитерството за образование и наука на денешната прес-кофнеренција на потпретседателот на опозицискиот СДСМ, Гордан Георгиев. Истовремено, од МОН тврдат дека нема да се дозволи каков и да е конфликт на интереси во телата задолжени за учебникарството.„Сценарија за ревизија со постоење очигледен конфликт на интереси веќе и беше презентирана на македонската јавност со ревизија на одобрениот учебник по физика од страна на Институтот по физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кога еден од ревизорите беше авторот на конкурентскиот ракопис за учебник. Оваа ревизија не беше побарана од страна на Министерството, а ваков тип на „конкурентски“ ревизии и натаму нема да бидат барани и нема да биде начин на работа на ова министерство“, се вели мнешу другото во писмената рекација на МОН, од каде наведуваат и дека е непримерно да се дискредитираат членовите на Националната комисија за учебници кои се реномирани професори на факултети како и професори во средните и основни училишта од земјата, кои, пак, се „именувани од страна на Владата на Република Македонија во постапка во согласност со позитивно-правните норми на Република Македонија.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

